Рачната кочница и денес ја влечат идеолозите на ВМРО и затоа е значајно и охрабрувачко решението на Бајден, сите кои го оспоруваат или не го почитуваат Охридскиот и другите регионални договори, да бидат санкционирани.
Мицковски (Груевски и Георгиевски) и ВМРО-ДПМНЕ тоа не го разбираат, затоа уште од минатата година повторно шират паника и заплашување на граѓаните актуелизирајки ја теоријата на заговор за т.н. „Тиранска платформа“. На 21 јануари 2020 година потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за Алфа ТВ изјави дека „Заев се надева на Тиранска платформа 2“ како дел од негово „капитулантство и предавство на сопствениот народ“.
Александар Николиќ Писарев, Кој (не) ја разбра пораката од Бајден? (3), објавено на 15 јуни, 2021