• Latest

Закани од уредникот на „Дневни Аваз“ врз редакцијата на „Раскринкавање“: „Ќе ме запомните кога ќе ви дојдам, ќе ве разнесам!“

June 19, 2021

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Закани од уредникот на „Дневни Аваз“ врз редакцијата на „Раскринкавање“: „Ќе ме запомните кога ќе ви дојдам, ќе ве разнесам!“

June 19, 2021 11:13
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Редакцијата на веб страницата за проверка на факти „Раскринкавање“ од Сараево, БиХ, деновиве извести дека Евелин Трако, извршен уредник на порталот „Дневни Аваз“, исто од Сараево, упатил телефонски закани до новинар(к)ите на „Раскринкавање“ дека ќе ги „разнесе“, пишува „Вистиномер“.

Според дописот на колегите од „Раскринкавање“, Трако на социјалната мрежа „Фејсбук“ ја контактирал новинарката на страницата за проверка на факти преку нејзиниот приватен профил. Со приватни пораки ѝ се обратил по повод анализата објавена претходниот ден, а, во која, меѓу останатото, е анализирана и точноста на вестите објавени од страна на „Аваз“.

Новинарката на „Раскринкавање“ го упати Трако кон и-мејл адресите за понатамошна комуникација што беше одбиено од негова страна, иако од претходно му е познато дека дека тоа е стандардна процедура за комуницирање со медиумите чии содржини се оценети во рамките на независната програма на „Фејсбук“ за проверка на фактите, каков што беше случајот и со оваа содржина.

Непосредно по оваа размена на пораки, се вели понатаму во дописот, здружението на граѓани „Зашто не“, во чија сопственост е страницата Раскринкавање.ба, преку телефон беше контактирано од лице кое се претстави како Евелин Трако од „Аваз“ со барање да разговара со авторката на спомнатиот напис. Финансиската администраторка на ЗГ „Зашто не“, која одговори на телефонскиот повик, во разговорот објасни дека со авторката може да се комуницира преку службениот и-мејл, како и дека таа не се бави со изработка на написи и ги нема информациите кои Трако упорно се обидува да ги добие.

Евелин Трако, и покрај ваквите објаснувања, го продолжи испитувањето со агресивен тон и прашања од типот „Тогаш кажете ми кој ве финансира?“, за потоа да почне да упатува и отворени закани кон колективот на Раскринкавање.ба, велејќи дека „добро ќе го запомниме ако ни дојде“, како и дека ќе не „разнесе.“

Евелин Трако и претходно ја вознемируваше редакцијата и новинар(к)ите на Раскринкавање, испраќајќи им приватни пораки и повикувајќи ги на нивните приватни телефонски броеви, се вели понатаму во дописот на проверувачите на факти. Ова е, сепак, првпат да станува збор за отворени закани со насилство, изречени со намера да се уплашат новинар(к)ите и да бидат спречени во вршењето на нивната новинарска работа. Заканата е дотолку полоша, велат тие, затоа што доаѓа од лице кое и самото е медиумски работник и е пријавена кај надлежните органи.

„Раскринкавање“ во својот допис до јавноста побара од медиумската куќа „Дневни Аваз“ итно да се огласи и да ја извести јавноста и редакцијата на „Раскринкавање“ за чекорите кои ќе ги преземе по повод криминалното и недозволено однесување на својот вработен и порача дека никакви обиди на заплашување, вклучувајќи и отворени закани со насилство нема да ги спречат во извршувањето на работата која отсекогаш ја извршуваат во склад со својата методологија и највисоките стандарди за проверка на факти.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ