• Latest

Средба Османи – Дендиас за стратешкото партнерство и акцискиот план за имплементација на Договорот од Преспа

July 10, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Средба Османи – Дендиас за стратешкото партнерство и акцискиот план за имплементација на Договорот од Преспа

July 10, 2021 14:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот за стратешко партнерство, акцискиот план за  имплементација на Договорот од Преспа, процесот на евроинтеграција, изградбата на Интер конекторот, како и состојбите со пандемијата, ангажманите за справување со последиците и можностите на планот на туризмот, биле тема на разговор на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи со неговиот колега од Грција Никос Дендиас, на маргините на Дубровник форумот.

I met with #NorthMacedonia's FM @Bujar_O. I stressed the need for consistent implementation of Prespa Agreement as a precondition for further strengthening bilateral & 🇪🇺🇲🇰relations. 🇬🇷 supports 🇪🇺 the perspective of 🇲🇰 with the well-known conditionality. pic.twitter.com/H2szI8FJyc

— Nikos Dendias (@NikosDendias) July 10, 2021

На средбата, бил поздравен интензивниот политички дијалог и позитивната динамика во билатералните односи, за што, како што велат, говорат големиот број официјални и работни посети.

Османи, како што информираат од МНР, на средбата нагласил дека имаме Договор за стратешко партнерство кој треба да го имплементираме во позитивен дух и со добра волја со цел да обезбедиме чиста основа за непречена комуникација и на граѓаните и на бизнисот.

-Немаме дилема дека со продолжување на дијалогот и заемната посветеност на исполнување на обврските преземени со договорот од Преспа, како и Акцискиот план за негова имплементација, се отвораат значајни дополнителни можности за унапредување на соработката која во континуитет ја надградува довербата меѓу двата соседи и претставува пример за добрососедски односи, пријателство и партнерство, изјави на средбата министерот Османи, се вели во соопштението од МНР.

За средбата на двајцата шефови на дипломатиите, како што јавува дописничката на МИА од Атина, преку „Твитер“ информираа и од грчкото МНР, но и самиот Дендиас и уште еднаш ја повторија поддршката на Грција за ЕУ перспективата на Северна Македонија, но и потребата за имплементација на Договорот од Преспа.

-Со МНР на Северна Македонија Бујар Османи на маргините на ДФ2021. Нагласив дека доследно спроведување на Договорот од Преспа претставува предуслов за дополнително зајакнување на билатералните и односите на Северна Македонија со ЕУ. Грција ја поддржува европската перспективата на Северна Македонија по познатите услови, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Грција.

Дендиас и Османи, се вели во соопштението од МНР, посебно го поздравиле досегашниот развој и постигнат напредок во економската област, пред се имајќи ги предвид проектите за поврзување и гасификација на земјата. Во таа смисла, двајцата го поздравиле потпишувањето на Договорот за заедничка изградба на Интерконекторот со Грција, кој ресорните министри го потпишаа на 9 јули во Атина, проект кој е значаен не само за двете држави, соседи, сојузници и партнери, туку и за целиот регион.

Османи, информираат од МНР, упатил благодарност за досегашната континуирана грчка поддршка во процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, при што е добиено уверување од министерот Дендиас дека таквата нема да отсуствува и за време на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ