• Latest

Власта очекува политичка Влада во Бугарија за отстранување на ветото на македонските евроинтеграции

July 11, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Власта очекува политичка Влада во Бугарија за отстранување на ветото на македонските евроинтеграции

July 11, 2021 10:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата очекува по денешните вонредни парламентарни избори во Бугарија да се формираат функционални институции со кои ќе ги продолжи разговорите за отстранување на ветото на нашите евроинтеграции, а од Брисел кредибилен и предвидлив процес за интеграцијата на регионот во ЕУ.

„Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, односно одблокирање на Северна Македонија на нашиот пат кон Европската унија“, изјави вчера премиерот Зоран Заев.

Тој се надева дека изборите во Бугарија ќе бидат исклучително успешни и политичарите ќе креираат коалиција, што ќе биде парламентарно мнозинство и ќе формираат нова бугарска влада, со која ќе ги продолжи разговорите.

„Лично мислам дека ги адресирав сите важни работи на билатералните разговори на 17 јуни при посетата на Бугарија. Остана да се избере бугарскиот парламент и да се избере владата за да имаме надеж дека ќе се донесе одлука. Очекувам декември годинава да биде донесена одлуката, но секако да оставиме процесите да бидат успешни за да може да се израдуваме со позитивна одлука“, изјави Заев, повторувајќи дека „не се откажуваме и продолжуваме се додека не го решиме ова отворено прашање“.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, вчера при учеството на Дубровник форумот, порача дека во приближувањето на регионот до ЕУ, Брисел би морал да гарантира предвидлив и кредибилен процес.

ЕУ мора да најде начин за интеграција на Западниот Балкан, што би претставувало географска и политичка консолидација на европскиот континент. Toj процес, како што истакна, е од стратешки интерес за двете страни и потребно е поголемо вклучување на земјите од регионот во дебатата за иднината на ЕУ, на начин како иницијално беше овозможено за време на Преспа форумот и панелот на конференцијата Иднината на Европа.

Османи рече дека во приближувањето на регионот до ЕУ, Брисел би морал да гарантира предвидлив и кредибилен процес, при што, потенцираше, двете страни би се придржувале до прифатените обврски -испорачани реформи за формален почеток на преговори за членство, како за Северна Македонија и Албанија.

„Не постои друг начин Европа да биде целосна, освен интегрирањето на делот кој недостига“, нагласи Османи.

Во меѓувреме, во јавноста продолжи дебатата околу  Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на македонските позиции во преговорите во Бугарија, што е веќе доставена во Собранието, а опозициската партија очекува што поскоро да се најде на дневен ред пред пратениците.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека Заев не смее да преговара со Бугарија без донесена Резолуција.

„СДСМ и ДУИ да не наоѓаат изговори и да ја поддржат Резолуцијата, а Џафери наместо да се објаснува да си замине од позицијата претседател на Собранието. Без донесена Резолуција Заев не смее да преговара со Бугарија. А тој веќе наговестува дека низ собраниска процедура ќе ја кочи Резолуцијата, а со тоа работи единствено на штета на Македонија. Оваа влада не знае за ништо друго освен за работење спротивно на Уставот и законите“, наведоа во соопштение од опозициската партија.

Премиерот Заев и вчера повтори дека преку резолуцијата ќе се потврди тоа што е неспорно за сите дома во однос на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Коментирајќи ја поддршката на коалицискоот партнер ДУИ за прифаќање на резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека ДУИ ја прифатиле резолуцијата.

„За тоа разговаравме, со тоа што секако треба да се смени уставното име и би требало да се утврдат одредени, како да ги кажам, формалности во самата резолуција за да може да биде заемно прифатена од сите. И уште еднаш да му покажеме на Мицкоски дека и тој којшто го има проблемот со македонскиот јазик и македонскиот идентитет, еве и преку заедничка резолуција, ние тоа ќе го потврдиме затоа што е неспорно за сите дома“, изјави Заев.

Забелешки за предлог резолуцуцијата вчера изнесоа од ВМРО-Народна партија, од каде наведоа дека  експертите со кои ја анализирале содржината на овој документ утврдиле дека „сериозен недостаток претставува што немаме конкретно временско и просторно определување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик“

„Без овие елементи предлог-резолуцијата дава простор теоретски, македонскиот јазик и македонскиот идентитет исто така, да се определат со почеток од 1945-та година и тоа само на просторот на Северна Македонија. Така што оваа резолуција на ваков начин може да ни создаде поголем проблем отколку решение. Се надеваме дека писателите на предлог-резолуцијата ќе имаат разбирање за ова наше барање“, наведоа од ВМРО-Народна партија.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ завчера во Собранието ја поднесе Предлог – резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции по однос на евроинтеграциите и блокадите кои што се наметнуваат.  За тоа кога ќе се најде на пленарна седница треба да одлучи претседателот на Собранието Талат Џафери.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ