• Latest

Арсовски: Со засилено темпо продолжуваат подготовките за теренскиот попис во септември

July 21, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Арсовски: Со засилено темпо продолжуваат подготовките за теренскиот попис во септември

July 21, 2021 14:46
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Арсовски на денешната редовна прес-конференција информираше за заклучоците и одлуките донесени на 88-мата седница на Владата и одговараше на теми од интерес на јавноста и новинарите.

На почетокот од прес-конференцијата портпаролот Арсовски соопшти дека со засилено темпо продолжуваат подготовките за спроведување на теренскиот попис во септември. Во тек е пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и инструктори. Само во текот на првиот ден, вчера, се пријавија 640 кандидати. Во сите 50 пописни реони има пријавено кандидати и за попишувачи и за инструктори. Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање на кандидатите и конечен избор кој треба да се направи најдоцна до 15 август по што ќе следи обука.

Арсовски укажа на важноста од спроведување на оваа статистичка операција. Учеството во пописот е одговорност на секој граѓанин кон државата. На тој начин секој од нас придонесува кон држава базирана на податоци, а не на претпоставки. Податоците од пописот се доверливи и заштитени.

Исто така информираше и дека Владата на последната седница го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели веќе почна, но сега со предлог-законското решение попрецизно се регулира овој извоз и се воведува нова давачка од дополнителни 10 проценти од приходот на компаниите за производство на медицински канабис, пари кои ќе одат во специјален фонд. Целта е граѓаните да видат јавно добро. Затоа ќе биде поддржан фондот за ретки болести, фондот за медиуми за продукција на содржини од јавен интерес, како и на програмските приоритети во спортот, културата, граѓанскиот сектор. Од специјалниот фонд ќе биде поддржана и работата на ново предвидената Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели.

Одговарајќи на новинарско прашање портпаролот Арсовски посочи дека овој предлог-закон се носи со европско знаменце бидејќи во текстот се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот парламент и Европскиот совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции на ОН што го уредуваат ова прашање.

Одговарајќи на новинарско прашање за декриминализацијата на канабисот за лична употреба, Арсовски посочи дека со новите законски решенија ќе се допрецизираат овие прашања. Арсовски информираше и за одлуката на Владата од последната седница за затворање на дивите депонии и ѓубришта во 18 општини од Источниот и Североисточниот Регион со која се опфатени и над триесеттина диви ѓубришта.

Портпаролот информираше дека Владата донесе и Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за трговија и услуги „Зока енерџи солушн увоз“ од Неготино.

Станува збор за инвестиција проценета на над 336 милиони евра чија цел е заштита на животната средина, намалување на загадувањето и подобрување на добросостојбата и условите на живеењето преку преземање на собраниот отпад од надлежните комунални претпријатија, третирање на отпад и производство на електрична енергија од обновливи извори со примена на иновативна технологија.

Исто така многу важна придобивка од оваа инвестиција е што благодарение на овој начин на организирано прибирање на комуналниот отпад ќе се затворат сите диви депонии, кои, всушност, ги прават најголемите штети за животната средина.

На новинарско прашање за изборот на стратешки инвеститор, портпаролот Арсовски посочи дека Законот за стратешки проекти има цел да поттикнува, привлекува и да создава услови за спроведување на стратешките инвестиции во Северна Македонија, се во насока на зголемување на економскиот пораст, вработувањата и примена на нови технологии и иновации.

„За секој странски инвеститор да може да изведе проект во Северна Македонија мора да отвори своја компанија во земјата, таков е и овој случај, за специјална намена, дополнително стратешкиот инвеститор ќе достави банкарска гаранција до Владата во висина од 10 милиони евра која може да се изврши на прво барање и е гарант дека инвеститорот ќе има сериозни причини да го заврши проектот. Од друга страна проектот ќе биде финансиран од „Рајфајзен банк“, кои се наоѓаат во рангот на најголемите 5 банки во светот и ќе биде граден од реномиран ЕПЦ контрактор, тоа се оние компании кои изведуваат до клуч на рака еден ваков вид на проекти“, посочи Арсовски.

На новинарско прашање за реализацијата на капиталните инвестиции портпаролот истакна тие се движат во позитивна насока и несмалено темпо, при што Арсовски како пример го наведе Министерството за транспорт и врски каде во првиот квартал се искористени над 15%, а во вториот веќе над 30% од предвидениот буџет за капитални инвестиции за таа намена.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ