Продолжуваме со европеизацијата овде, имаме сериозни процеси на агендата Европа дома, која што значи унифицрање на царинскиот тарифник. Еве денес на Влада првата фаза па продолжуваат консултациите, каде што сите царини ги изедначуваме на ЕУ. Тоа е дел од поглавјата, ние веќе го правиме. секојдневно работиме, затоа што нашиот пат кон ЕУ всушност значи европеизација овде, на институциите на Северна Македонија и на животот на граѓаните – истакна премиерот Заев на денешниот настан за пуштање во употреба на градинка во Општина Гази Баба, одговарајќи на новинарски прашања.
„Нема да си дозволам преку медиумите да реплицирам на одредени ставови на претсeдателот Радев или на високи претставници на Бугарија. Уште еднаш, ќе кажам ние сме пријателски земји, дека секако секој пат на очиглед на целата јавноста, македонска, бугарска и на сите сме правеле тоа што значи почитување на граѓаните еднакво“, порача Заев.
Тој ги отфрли оценките дека наводно бил многу повеќе присутен на манифестации и здруженија од Бугарија многу повеќе во последните години отколку од македонски или албански здруженија или турски во државата. „Затоа што сум бил поканет сум бил таму. Подигнавме споменик на полковник Гарванлиев со сите бугарски знамиња напред, да, и македонското е тука. Сме покажале респект насекаде, затоа што се работи за нашиот сосед но и се работи за граѓани со определба Бугари во нашата земја. Ние немаме проблем со тоа“, посочи Заев.
Тој уште еднаш порача дека земјата развива граѓанско општество со кое се гордее. “Навистина, целиот свет во суперлативи говори за начинот на организирање на ова наше граѓанско општество. Дефинитивно мислам дека сме пример и било што, што претставува забелешка ние сме спремни овде да ја адресираме. Но не може политички претставници да повикуваат и да зборуваат за политики и оттука да влечат заклучоци за одредени права или не“, потенцираше премиерот Заев.
„Дај да видам колку пати нивните политичари во Бугарија се појавиле на одредени манифестации на помалкубројни заедници во Бугарија. Јас, Пендаровски, Талат Џафери, министрите, насекаде сме се појавувале во било кој регион од државата, на какви било културно-историски манифестации, на одредени форуми, на одредени конференции. Секој пат со респект и почит, затоа што тоа се нашите граѓани. Тие се граѓани на Р.Северна Македонија“ рече Заев пред новинарите.
Според премиерот, најважно на кое треба да се посвети земјата е да им овозможи на младите, на децата, на сегашните генерации да не се мразат, да се сакаат, да се почитуваат, да си помагаат, да соработуваат. „Таа историјата што денес ја пишуваме е најважната историја“, порача премиерот Заев.
ДЦ












