• Latest
Собрание

Со 96 гласа „за“ Собранието ја усвои Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, амандманот на СДСМ за уставното име прифатен

July 29, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со 96 гласа „за“ Собранието ја усвои Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, амандманот на СДСМ за уставното име прифатен

July 29, 2021 14:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Собрание

Собрание

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието ја усвои Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. За Резолуцијата гласаа 96 пратеник, 95 гласаа „за“, а еден беше воздржан. Претходно, пратениците го поддржаа амандманот поднесен од група пратеници во Резолуцијата да се внесе уставното име на државата Република Северна Македонија.

За Резолуцијата говореше само по еден претставник на пратеничките групи.

Пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, образложувајќи ја потребата за усвојување на Предлог-резолуцијата рече дека со целосен консензус за нејзино донесување, пратениците имаат можност да покажат силно единство, подготвеност за рационален дијалог и компромис и јасно изразена волја во насока на забрзување на европската перспектива и зацврстување на државниот и национален суверенитет на државата.

– Македонскиот идентитет и јазик се неприкосновена реалност на нашиот народ. Тие се наше наследство од претходните генерации и аманет за идните генерации. Токму затоа со оваа Резолуција посакуваме да ставиме крај на постојано присутните тенденции на негирање на волјата на народот и на преговори без граници за теми и дилеми кои припаѓаат во вековите од далечното минато, кажа Муцунски.

Тој посочи дека со Резолуцијата на македонската дипломатија и се дава цврста алатка во раце, со која на меѓународната сцена одговорно ќе се грижа за целосна заштита на македонскиот идентитет, традициите, етнокултурна посебност, колективен интегритет, заеднички економски живот и наративот за припадност на одреден и географски простор.

– Ова се нашите црвени линии, ова е тоа преку коешто никој ниту имал, ниту ќе има мандат да премине. Преку ова дело го поставуваме никулецот кој ќе ја воздигне нарушената гордоста на нашите граѓани, на нашата нација и држава, рече Муцунски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески рече дека за социјалдемократите е прифатлива Резолуцијата, но, со прифаќање на нивниот амандман со кој во неа се внесува уставното име Република Северна Македонија, со цел таа да биде во согласност со Уставот.

– Македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската посебност се меѓународно признаени и потврдени, влезени во нашата лична карта во Обединетите нации. Нашите меѓународни позиции се јасно поставени и не знам по колку пати јавно повторени-за македонскиот идентитет, македонскиот јазик, за македонската посебност, немало, нема и никогаш нема да има преговори. Едноставно, не може да се преговара за тоа што е неспорен факт. Денес, за целиот свет ние сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик, рече Митрески.

Тој рече дека иако јавно ги кажале своите позиции дека не се преговара за македонскиот јазик и идентитет, ќе ја поддржат резолуцијата за да стават крај на лагите кои се шират за национално предавство на СДСМ.

– Втората поважна причина за којашто ја прифаќаме Резолуцијата е таа дека треба да излеземе пред граѓаните и да им кажеме да немаат никакви дилеми затоа што ние имаме јасна цел, а тоа е евроатлантскиот пат и ние ќе станеме членки на ЕУ како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, повлече Митрески.

Координатор на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи се изјасни дека ќе ја поддржат Резолуцијата, но побара од лидерите на најголемите македонски партии да иницираат уставни измени со кои Албанците нема да бидат само процент над 20 отсто, туку државотворен народ.

– Ние како држава треба да бидеме дел од ЕУ. Ние треба да негуваме добрососедски односи. Трето, што сакам да напоменам, е дека за македонскиот идентитет, од Албанците, и од Косово и од Албанија и од овде, немало никаква пречка. Сме го поддржувале и ќе го поддржуваме правото на лично самоопределување, изјави Реџепи.

Тој праша како се случило Бугарија, која во 90-те години била многу поназад од нашата држава, сега да биде во позиција да ни стави вето. Реџепи смета дека грешката во 90-те била што се отвориле меѓуетничките конфликти, кои кулминираа со конфликтот во 2001 година. И додека во државата се занимавала со меѓуетнички конфликти, Бугарија се насочила во спроведување на реформи за приближување на ЕУ.

– Ако Албанците беа признаени како државотворен народ во 90-те, ние денес ќе ја условуваме Бугарија, а не да биде обратно, рече Реџепи.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми се изјасни дека интегративците ја поддржуваат Резолуцијата. Тој говореше за идејата за создавање на ЕУ и да не се дозволи повторување на 20 век.

– Блокадите кон една држава аспиран, не и штетат само на неа, туку и на ЕУ. Блокадата на европската интеграција на Република Северна Македонија, е блокада на целиот процес на проширување на Европската унија и без сомнеж ќе се рефлектира и кон другите членки од регионот, рече Адеми, кој нагласи дека државата заслужува да ги почне преговорите со ЕУ.

– Идентитетот, не е прашање за дискусија и преговори. Како Албанци се солидаризираме со нашите сограѓани Македонци секогаш кога тие се во позиција, во која се допира нивниот јазик, а ние најдобро знаеме што значи кога ќе ти забранат употреба на јазикот, рече Адеми.

Пратеникот од Движењето БЕСА Кастриот Реџепи се изјасни дека ја поддржува Резолуцијата, со напомена дека е еден од потписниците на амандманот за внесување во неа на уставното име.

И пратеникот од Левица Димитар Апасиев се изјасни дека ја поддржуваат Резолуцијата, која ја оцени како „бенигна“, пишувана со дипломатски манири, и напомена дека неговата партија е за по „хардкор“ варијанта.

– Овие документи кои ние ги носиме како резолуции и декларации се само симболични. Вистината е една-Македонци имало, има и ќе има, без оглед дали политичарите преговараат како ќе им се вика јазикот, државата и друго, рече Апасиев.

Според него, ветото од Бугарија доаѓа по доаѓањето на власт на Зоран Заев, односно по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Тој смета дека државата треба да се фокусира и на алтернативи оти многу долго ќе остане во чекалната на ЕУ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ