• Latest
Заев - Рама - Вучиќ, Економски форум во Скопје, 29 јули 2021 (фото: Огнен Бошњаковски)

Заев, Рама и Вучиќ порачуваат: Балканот ја зема судбината во свои раце, нема да живееме во минатото

July 29, 2021
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев, Рама и Вучиќ порачуваат: Балканот ја зема судбината во свои раце, нема да живееме во минатото

July 29, 2021 17:27
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Заев - Рама - Вучиќ, Економски форум во Скопје, 29 јули 2021 (фото: Огнен Бошњаковски)

Заев - Рама - Вучиќ, Економски форум во Скопје, 29 јули 2021 (фото: Огнен Бошњаковски)

Share on FacebookShare on Twitter

На првиот панел на денешниот Регионален економски форум во Скопје, на присутните им се обратија Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама. Тројцата лидери настапија со обединувачки пораки и конкретни нови зафати, што ќе ја олеснат и ќе ја зголемат драстично економската соработка меѓу трите земји и ќе придонесат за подобар живот за сите граѓани.

Премиерот на Репубика Северна Македонија, Зоран Заев, како домаќин на Форумот, на отворањето на овој значаен собир на лидерите од регионот, рече дека ова е силна порака дека Балканот почнува да создава високо ниво на разбирање и витален економски простор.

„Сакам да ве уверам дека нашата политичка волја е израз на нашата максимална посветеност да обезбедиме услови за подобар живот на граѓаните кои зависат од нас. Ова е силна политичка волја и јасна определба за висок јавен интерес. Се поврзуваме за изградба на заедничка економија, се поврзуваме со јасна отворена и јавна намера нашите народи да почувствуваат директни економски придобивки од ова здружување. Очекуваме бенефитите бргу да се видат во буџетите на сите наши граѓани. Само со регионална соработка можеме бргу да се движиме кон ЕУ“, порача Заев.

Тој уште еднаш повтори дека она што денес се гради произлегува од принципи и четири слободи. „Повеќе од било кога сме посетени на остварување на слободи, прво да обезбедиме слободно движење на стоки преку отворени гранични комуникации. Да обезбедиме комуникации во работата, меѓусебно признавање на електронски потписи, да зголемиме мобилност и меѓусебно признавање на дипломите, да обезбедиме слободно движење на капиталот. За остварување на овие спогодби, денес потпишуваме еден многу значаен договор и уште два меморандуми“, посочи Заев.

Прес конференција на Заев, Рама и Вучиќ, по Економскиот форум во Скопје, 29.07.2021

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, рече дека државите немаат пробеми меѓу нив и дека тоа се видело и на претходните самити.

„Се што предложија Зоран Заев и Еди Рама, го прифативме. Значи немаме скриени агенди. Не е точно дека Србија добива најмногу од оваа иницијатива, бидејќи е најголема. Тоа не е точно. Ако ние обезбедиме поминување на граница без проблеми, ако камионите чекат на граница нула минути, ако обезбедиме пристапот од Нови Сад до Македонија, Охрид, Албанија,  Драч, до крајот на годината да го поминуваме бргу, тоа многу ќе значи за нашиот транспорт, а за шест до девет проценти ќе се намалат трошоците.
Не сме наивни дека некој друг ќе работи наместо нас, туку мораме сами да се организираме и мора да им покажеме дека сме способни и со можноста самите да одлучуваме, да не чекаме дека некој некаде треба да не води и насочува, спремни сме да ја земеме судбината во свои раце“, порача Вучиќ во обраќањето на Регионалниот економски форум денеска во Скопје.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во своето воведно излагање беше многу инспиративен и директен. Тој рече дека овој регион не може да продолжи да биде заложник на минатото,  и дека  тие што се уште не разбрале колку сме ситни кога сме поделени за да ја развиваме нашата економија, тие се казнети да живеат во минатото.

“Зошто би требало да чекаме затворени во нашите граници, свртени со нашите ‘рбети едни против други, како што се случувало во минатите години. Ние не сакаме да живееме во минатото, туку да се проектираме преку иницијатива, која на овој регион му носи целосен и прифатен пример како што е Европската Унија“, изјави Рама.

Тој директно ги повика Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово да се приклучат кон оваа иницијатива.

„Не ги разбирам Црна Гора, што точно мислат, зошто се двоумат, што мислат, дали ќе ги решат економските провблеми ако останат сами затворени во својата мала економија. Не знам што мислат во Босна, што тие мислат. Знам во кој правец размислува Косово, и имаме апсолутно спротивен став од тој кој тие го застапуват, бидејќи сите овие земји треба да бидат дел од овој процес, и да дадат максимум за своите граѓани и своите општества. Секој изгубен ден, е ден во минатото, а минатото не може да диктира колку економски ќе пораснеме. Тоа може да го диктира само иднината“, рече Рама.

Александар Николиќ Писарев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ