• Latest

АХВ со кампања: Угинатите животни да не се допираат, да се пријават на апликацијата „Стоп беснило“

July 30, 2021

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

АХВ со кампања: Угинатите животни да не се допираат, да се пријават на апликацијата „Стоп беснило“

July 30, 2021 11:31
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако месото од животно кое има беснило е термички обработено, не постои опасност луѓето да се заразат, но ако дојде до каснување или контакт со слуз и други екскрети, тогаш има таква можност. Тоа, сепак, не значи дека контактот на човекот со болното животно веднаш предизвикува зараза. Постои лекарски преглед, лекарска процедура, давање соодветни лекови и третман, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски пред промоцијата на кампањата за пасивен надзор на беснилото што почнува денеска.

Според препораките на ветеринарите, секој што ќе види угинато животно, не треба да го допира. Најдобро е случајот веднаш да го пријави на 0800 00 210 или на мобилната апликација „Стоп беснило“.

„Со пасивниот надзор практично овозможуваме веднаш да се направи пријава. Беснилото е заразна болест, зооноза, која се јавува и кај домашните животни и кај граѓаните. Затоа, многу е  важно се она што го прави Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) во целиот регион. Всушност, дел сме од голема кампања во која заедно со другите земји до Западен Балкан продолжуваме да се грижиме и за здравјето на домашните животни, но и за здравјето на луѓето“, истакна Бабовски и потсети дека кампањата за пасивен надзор на беснилото е само продолжение на веќе претходно спроведената.

АХВ денеска ја промовираше и кампањата за подигнување на јавната свест за здрава храна. Со овие две кампањи Агенцијата го одбележува завршувањето на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи”, вреден 1,6 милиони евра, што се реализираше изминатите две години во рамки на ИПА 2015, со финансиска поддршка од Европската унија. Носител на проектот е АХВ, а спроведувањето беше во соработка со Фитосанитарната управа, Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Безбедноста на храната е еден од најбитните фактори за зачувување на здравјето на луѓето и домашните животни“, потенцираше директорот Бабовски.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, информираше дека инспекторите се постојано на терен и будно ја следат ситуацијата.

Заменик-министерот за земјоделие, Трајан Димковски, на промоција на кампања на АХВ, 30.07.2021, извор: МИА

„Ова е само еден од проектите што ги спроведуваат Министерството и Секторот земјоделство о поддршка на ЕУ. Со него се дизајнираше и се разви оперативен фитосанитарен информациски систем, но беше усвоен и Правилник со листи на штетни организми, растенија, растителни производи и предмети со цел заштита на земјата од опасности од увоз“, рече Димковски.

Донесен е, додаде, и Закон за фитофармација, подготвени се подзаконски акти, како и Национален акциски план за одржлива употреба на пестициди и Прирачник за сертификација на опрема за апликација на пестициди. „Крајни бенефити се производните процеси насочени кон заштита на животната средина и потрошувачите кои користат побезбедна и здравствено исправна храна“, подвлече заменик министерот Димковски.

Раководителот на секторот за операции при Делегација на ЕУ во Скопје, Штефен Худолин порача дека е клучно да се воспостават одржливи механизми за производство на храна. „Алармот е веќе вклучен. Човештвото користи многу повеќе ресурси отколку што произведува. Мора да престанеме со фрлање, да ја зголемиме свеста кај луѓето“, истакна Худолин./ МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ