Утре наутро во справувањето со пожарите се вклучува и Црна Гора – испраќа хеликоптер Bell 412, информираше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук.
„Благодарност до колешката Оливера Ињац! #НиеСмеНАТО #ЗаедноПосилни“, се заблагодари министерката Шекеринска во објавата на нејзината официјална Фејсбук страница.












