• Latest

Пропадна обидот на ИТН за состав на владин кабинет во Бугарија, наесен најверојатно нови избори

August 11, 2021
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Пропадна обидот на ИТН за состав на владин кабинет во Бугарија, наесен најверојатно нови избори

August 11, 2021 14:52
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Бугарија пропаѓа обидот за состав на нова влада, еден месец по изборите и единствениот резултат по се изгледа е организирање трети парламентарни избори оваа година наесен.

Во последниот ден пред очекуваното гласање денеска на предлог-кабинетот на Пламен Николов во парламентот, политичката партија која победи на изборите во јули – „Има таков народ“ остана сама во поддршката за него откако БСП и Демократска Бугарија одбија да дадат гласови за поткрепа.

Имено, кандидатот за премиер на Бугарија, Пламен Николов предложен од политичката партија „Има таков народ“ ја повлече својата согласност вчера да биде мандатар во писмо испратено до претседателката на Народното собрание Ива Митева. Во него тој наведува дека ја повлекува својата согласност да биде изгласан за 56-ти премиер на Бугарија. Таков документ ќе биде доставен до претседателството на државата, јавија бугарските медиуми.

Николов нагласува дека потегот е поради „лични причини“ и предлага да не се гласа за предлогот за влада во Парламентот.

– Разочаран сум не на личен план, туку за државата…. Ги разочаравме луѓето што не можевме да ја реализираме идејата да направиме единство, како што е напишано на оваа зграда, токму кога на нашата земја и е најпотребно, нагласи Николов.

Според него, наведените први приоритети поврзани со Планот за закрепнување и одржливост, мерките против кризата со Ковид-19 и усвојувањето на новата буџетска рамка остануваат неисполнети.

Во врска со спорната фигура на предлозите за вицепремиер и министер за внатрешни работи Петар Илиев, Николов рече дека не може да коментира.

Според Николов, номинацијата на Илиев не е главната причина за недостиг на поддршка од „Демократска Бугарија“ и „Стани БГ! Доаѓаме!“

На прашањето што ќе се случува понатаму за државата, Пламен Николов одговори: „Избори до крај“.

Меѓутоа, од кабинетот на претседателот на Бугарија  излегоа со став кој гласи: „Со указот издаден од шефот на државата, уставната постапка за избор на премиер е веќе во решавачка парламентарна фаза“. Таа го постави прашањето дали за Николов не може да се гласа во Парламентот.

Во моментот во Бугарија се разговара од толкувачи на Уставот за процедурата.

Писмото на Николов е резултат на одлуката на „Има таков народ“ – предлог -кабинетот на партијата воопшто не треба да гласа во пленарна сала.

Поранешниот претседател на Националното собрание, Огњан Герџиков смета дека нема потреба од гласање во пленарната сала: „Кабинетот не поминува затоа што е повлечен од оние што го предлагаат“, изјави Герџиков за „Дневник“. „Никој не може да биде принуден да преземе државна функција“

„Без поддршка на протестните партии, ние нема да предложиме влада“, рече лидерот на ИТН, Слави Трифонов во изјава, што беше пренесена во живо на неговиот профил на Фејсбук.

По изборите на 11 јули во најсиромашната држава од Европската унија, кога ја прекинаа политичката доминација на поранешниот премиер Бојко Борисов, што траеше повеќе од една деценија, ИТН стана единствената најсилна партија, но со само 65 места во 240-члениот парламент, и им е потребна поддршка од други партии.

Ова се случи откако „Демократска Бугарија“ ја смени својата позиција   и покрај договорот одби да ги поддржи министрите на ИТН. Вчера истото го направи и коалицијата на Маја Манолова и Николај Хаџигенов од „Стани. БГ! Доаѓаме“.

Што и да се случи утре во пленарната сала на парламентот Румен Радев мора да го предаде вториот мандат, јавуваат бугарските медиуми.

ГЕРБ веќе најави дека ќе го врати веднаш и нема да се обиде да формира влада.

Така започнува трката помеѓу БСП, Демократска Бугарија и „Стани БГ! Доаѓаме“ за трет мандат. Социјалистите најавија дека доколку го добијат, ќе предложат привремената влада да стане редовна. Другите две коалиции соопштија дека ќе задржат некои техничките министри.

По неуспехот со првиот мандатар, претседателот  Радев нема рок до кога да го даде мандатот на втората политичка сила. Меѓутоа, однапред е познато дека кога и да се случи ова, обидот за формирање влада е осуден на пропаст.

Доколку пропадне уставната процедура за формирање влада, следуваат нови парламентарни избори. Дали ќе бидат заедно со претседателските, повеќе ќе зависи од 46. Народно собрание, а помалку од Румен Радев. Парламентот мора да закаже гласање за шефот на државата пред да се распушти. Гласањето може да биде најрано три и најдоцна два месеца пред истекот на мандатот на Радев. Ова значи дека првиот можен датум е 24 октомври, а последниот е 21 ноември.

„Овие сметки се без крчмар. Без гласовите на ИТН или ГЕРБ, кабинетот на една од трите партии што се борат за мандат не собира гласови“, коментираат дел од бугарските медиуми.

 

Tags: БугаријаВлада на Бугаријаизбори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ