Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов попладнево во ЦУК оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз. Како што информираат од ЦУК на официјалната Фејсбук-страница, цел на средбата била претставување на тимот од Шумската служба на САД, кој во наредниве две недели ќе престојува во земјата и ќе помогне во справување со пожарите.
Екипата од САД е дојдена како поддршка од УСАИД на националните напори за справување со шумските пожари и во наредните две недели ќе ги помага нашите институции и ЦУК на стратешко и тактичко ниво, но и ќе се програмираат активности за понатамошна соработка, информираат од ЦУК.
Воедно, ЦУК извести дека амбасадорката Брнз остварила и средба со членовите на Главниот штаб за управување со кризи, којшто е во постојано заседавање, при што ја информирале и за актуелната состојба и справување со пожарите.












