• Latest

Авганистанскиот претседател Гани на итни разговори со НАТО, Талибанците чекаат мирен трансфер на власта во Кабул

August 15, 2021

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Авганистанскиот претседател Гани на итни разговори со НАТО, Талибанците чекаат мирен трансфер на власта во Кабул

August 15, 2021 12:43
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Официјален претставник во претседателскиот Кабинет во Кабул потврди дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани е на итни разговори со американскиот специјален претставник за помирување во Авганистан, Залмај Калилзад и со високи претставници на НАТО.

Западни медиуми претхордно јавија дека владата на Гани преговара со талибанците за „мирно предавање“ на Кабул.

Талибанците тврдат дека не планираат да го преземат Кабул со сила, јавија американски медиуми.

„Ничиј живот, имот или достоинство нема да бидат повредени, а животите на граѓаните на Кабул нема да бидат загрозени“, тврдат во изјава за американски медиуми бунтовниците, откако денеска влегоа во предградија на главниот град на Авганистан.

Во изјава за телевизијата Толо њуз, авганистанскиот минисетр за внатрешни работи нагласи дека талибанците нема да го нападнат Кабул и дека предавањето  на власта ќе биде мирно.

Владини службеници во паника кога ги напуштаат своите канцеларии, американски хеликоптери почнаа да слетуваат во областа на американската амбасада, додека талибанците го затегнаа обрачот околу главниот град, ја опишуваат ситуацијата дописници на локални медиуми.

На талибанците им е наредено да останат пред портите на Кабул и да не влегуваат во градот, изјави нивниот портпарол Забиула Муџахид. / МИА

Tags: АвганистанКабулНАТОТалибанци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ