Претседателот на Владата Зоран Заев заедно со првиот заменик–премиер Артан Груби и заменик–претседателот за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе направат увид на отпочнувањето на изградбата на мостот „Љубљанска“.
Се работи за прв автомобилски висечки мост во Скопје вреден шест милиони евра обезбедени од програмата ТАВ, кој ќе ги поврзува улиците „Илинденска“ и „Скупи“, и Општина Карпош со општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари, се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.
На настанот во организација на Град Скопје, ќе присуствуваат и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и претставници од раководството на компанијата ТАВ, Метин Батак, Неџат Курт и Фатих Кан.












