„Она што мене ми е жал на првото појавување на Арсовска на политичката сцена беше реалното потценување на скопјани. Да се претставуваш за независен кандидат кога и врапчињата знаат дека таа е кандидат на опозициска партија, мислам дека е потценување на граѓаните на Скопје, особено за неопределените.“, истакна Петре Шилегов во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија, коментирајќи ја кандидатурата на Данeла Арсовска како независен кандидат за градоначалник на Скопје.
Тој нагласи дека е горд што е кандидат на СДСМ и коалицијата и истакна дека тоа не го кре.
„Не знам дали дел од таканаречените независни кандидати за градоначалник се срамат од луѓето што ќе ги поддржат како политички партии, кога тоа го знаеме сите. Да не се лажеме кој е независен, а кој е политички зависен.“, рече Шилегов.
– Ако сте навистина независен, каде е листата на независните советници, праша Шилегов.
Тој во гостувањето истакна дека сега Скопје се развива со една сосема нова визура. Луѓето кои што знаат го гледаат тоа, рече Шилегов.
– Со граѓаните ќе ја разговараме таа визура, потенцира Шилегов во гостувањето на Сител.
J. Ѓ.












