• Latest

Лажни вести го „заспаа” Бајден

August 29, 2021

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Лажни вести го „заспаа” Бајден

August 29, 2021 18:23
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници корисници на социјалните мрежи, но и повеќе десничарски медиуми во САД и светот, споделуваат видео, во кое се шпекулира дека претседателот на САД, Џо Бајден заспал за време на состанокот со премиерот на Израел, Нафтали Бенет, кој се одржа во петокот, 27 август во Белата куќа во Вашингтон.

Како главни извори на оваа дезинформација или тенденциозна манипулација на Твитер се посочуваат објавата на Твитер профилот на ЕХА Њуз, Твитер профилот на Галит Дистал Атбаријан, член на израелскиот Кнесет од опозициската конзервативна партија Ликуд на поранешниот премиер Нетанјаху, Твитер профили на влијателни конгресмени и личности од  кругови блиски на републиканците, како и други американски десничарски медиуми, аналитичари и инфлуенсери. Веста потоа беше проширувана и од медиуми блиски до руската пропаганда, како Раша тудеј.

Овие објави ги земаа здраво за готово и дваесетина македонски медиуми, меѓу кои и неколку што важат за сериозни и професионални.

И тие ја објавија лажната вест дека Бајден заспал на средбата со израелскиот премиер, иако, доколку внимателно се погледне видеото, се гледа дека Бајден мрда со вкрстените дланки и внимателно го слуша соговорникот.

 

 

Лажната вест не ја објави ниту еден познат и кредибилен светски медиум.

Познатиот фактчекер на Си-Ен-Ен, Даниел Дејл, објави твит со кој ја означи оваа вест како лажна вест. „Ова со „заспивањето на Бајден“ е нонсенс. Целосното видео покажува: 1) Бајден зборува 2) Бајден погледнува накај Бенет 3)Бајден гледа надолу, неговите дланки се мрдаат, гледа кон Бенет кога тој ги спомна ‘тешките денови’ од овие недели 4) Бајден веднаш му одговара на Бенет“, вели познатиот новинар и фактчекер Дејл во неговиот твит.

Слични обиди да се оцрни американскиот претседател Бајден за „заспивање“ имаше и минатата година, во пресрет на претседателските избори во Соединетите држави. Тие обиди беа демантирани од кредибилни проверувачи на факти и означени како лажни вести.

Во трка по кликови и читаност, се гази еден од базичните принципи во новинарството, да се провери информацијата пред да се објави, а не да се „лета“ по манипулации од социјалните мрежи. За жал, многу медиуми, особено интернет-портали, не го прават тоа, и ги користат овие вирални објави за да ја подигнат својата популарност кај корисниците на социјалните мрежи.

 

 

ЦИВИЛ препорачува зголемена будност кај граѓан(к)ите при консумирање на медиумските содржини, особено на вакви содржини на социјалните мрежи, кои поради нивната актрактивност брзо стануваат вирални и популарни, но не содржат никаква информативна вредност и се користат за манипулација на публиката.

Воедно, Организацијата го повторува апелот до професионалните медиуми, да се вклучат поактивно во борбата против дезинформациите, да ги проверуваат повнимателно вестите, да ги препознаваат и демаскираат објавите со лажни вести, кои, покрај неточни информации, најчесто користат и говор на омраза и се употребуваат за политичка манипулација.

Исто така, се препорачува на медиумите да посветат поголемо внимание во проверка на вестите и модерирање на коментарите со говор на омраза на публиката на нивните страници на социјалните мрежи.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ