Потребните потписи за кандидати за градоначалници на општините, заклучно со вчерашниот ден ги собрале 21 независен кандидат, како и 42 групи избирачи за советнички листи, информираат денеска од Државната изборна комисија.
Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија потребните потписи, продолжуваат да ги собираат 15 кандидати за градоначалници и 26 групи избирачи за кандидатските листи за членови на оштинските совети.


Собирањето на потписи трае уште денеска, а подрачните одделенија и канцеларии на ДИК ќе работат до 24 часот.
ДИК информира и дека заклучно со 29.08.2021 вкупно 8791 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 18 барања за запишување во избирачкиот список, 15 барања за бришење на податоците од избирачкиот список и девет барања за измена на податоците во избирачкиот список.Во Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk, исто така, се поднесени вкупно 25П барања.
Постапката за увид во Избирачкиот список ќе трае до 9 септември. Локалните избори се закажани за 17 октомври.












