Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на политичката партија Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), Стевчо Јакимовски, на неговиот Фејсбук профил објави дека ќе се кандидира повторно за прв човек на оваа општина на претстојните локални избори.
„Почитувани пријатели. Сакам да ве известам дека одлучив да се кандидирам за следен градоначалник на Општина Карпош на престојните локални избори“, пишува Јакимовски во пораката.
Од ГРОМ ниту пак нејзиниот претседател Јакимовски досега немаат објавено други детали за кандидатурата.
Јакимовски беше претходно двапати градоначалник на општината, од 2000 до 2003 и од 2009 до 2013 година. На последните локални избори во 2017 година, тој беше кандидат за истата функција на ГРОМ и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но ја изгуби изборната битка со актуелниот градоначалник Богоев во првиот круг.












