Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се придружи на повиците на повеќето институции и граѓанскиот сектор, меѓу кои и ЦИВИЛ, и упати порака до македонските граѓани масовно да се попишат и да не го бојкотираат овој процес, односно како што рече, граѓаните да не веруваат во оние анационални структури кои што се обидуваат повторно да направат раздор меѓу македонското ткиво.
Одговорни за законито и точно спроведување на пописот се Владата и Државниот завод за статистика, се останато во овој процес е фолклор, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи уште на почетокот на оваа година, додава, било практично во тоа време пописот да се одложи и да се реализира сега, во септември, затоа што реализирајќи го сега пописот можеме веднаш за време на локалните избори да го исконтролираме, бидејќи сега на локалните избори ние ќе имаме фингерпринт терминали и тоа ќе ни биде првиот индикатор дали владата и ДЗС го завршиле пописот како што треба, истакна Мицкоски во интервјуто во емисијата Анализа на ТВ 24 коментирајќи го почетокот на пописот.