• Latest

Пристигна серверот за полнење на терминалите за отпечатоци од прсти за локалните избори

September 13, 2021
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Пристигна серверот за полнење на терминалите за отпечатоци од прсти за локалните избори

September 13, 2021 14:14
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски информираше дека денеска пристигна серверот со 10 станици за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран.

-Серверот стигна една недела предвреме затоа што е многу битна таа операција да се види дали ќе полни, како ќе полни и времето, брзината на полнењето, така што полека пристигнува целата опрема и за два-три дена веќе ќе имаме нова пратка поголема од 950 терминали, а веќе за една недела ќе стигнат и другите, така што почнуваме со работа, рече Даштевски.

Ако серверот покаже дека добро работи, ДИК ќе се подготви за едукација на претседателите на избирачките одбори и за замениците на претседателите на избирачките одбори и ќе се стави во функција целата операција што значи дека процесот оди добро.

-Односно и подобро, повеќе од добро затоа што веќе серверот пристигна една недела предвреме и може да се почне со работа, односно со полнење оние што се за обуки, а со следната пратка и со полнење и на другите терминали од зависност од заклучување на Избирачкиот список кој треба ние да го заклучиме на 24-ти (септември), потоа ИТ-секторот треба да го обработи и некаде од 28-ми ќе почне полнењето кое ќе трае неколку дена, така што тие (терминалите) ќе бидат подготвени за изборите, вели Даштевски.

ИТ службата на ДИК, според претседателот на Комисијата, работи со фирма од Германија и проверува се што е неопходно за функционирање на серверот и на терминалите.

На локалните избори закажани за 17 октомври првпат во земјата ќе се применат систем и терминали за вчитување на отпечатоци од прсти за идентификација на гласачите. За таа цел ДИК склучи договор со германската компанија „Дермалог“ која треба да го достави системот и терминалите, како и да овозможи нивно одржување. Првите 200 терминали веќе пристигнаа во земјата, денеска стасаа и серверот, а како што најави Даштевски, сукцесивно до 1 октомври треба да пристигнат и сите неопходни терминали за изборите.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ