• Latest

Ромска „Јавна соба“ на Фејсбук со компромитирачки фотографии и видеа од жени и девојки Ромки

October 10, 2021
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Ромска „Јавна соба“ на Фејсбук со компромитирачки фотографии и видеа од жени и девојки Ромки

October 10, 2021 15:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Ромска „Јавна соба“ се појави пред речиси два месеца на социјалната мрежа Фејсбук на која се објавуваат  компромитирачки и експлицитни приватни фотографии и видеа на жени и девојки Ромки за истите да се деморализираат, обезвреднат, наврдуваат и бидат прикажани со прст.

На 21 август 2021 година на социјалната мрежа Фејсбук се појави фан страна која има над 1.600 следбеници (која намерно не ја објавуваме за јавноста за дополнително да не ги изложуваме на „јавен суд“), на која се објавуваат компромитирачки и експлицитни приватни фотографии и видеа од девојки Ромки.

На Фејсбук страницата исто така е објавен и повик за собирање на експлицитни фотографии и видеа од жени и девојки Ромки со цел нивно објавување, и како што е наведено во објавата, „јавно прикажување на „нечесните жени“. Исто така, администраторот на страницата во неколку објави ги прашува следбениците: „Сакате ли да го видите видеото без цензура на …“

Од Иницијативата на жени на Шуто Оризари регираат и велат дека се згрозени од последните случаи на сексуално вознемирување на жени и девојки Ромки на социјалните мрежи и бараат од надлежните институции како што се МВР, ОЈО, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Агенцијата за заштита на лични податоци веднаш и итно да постапат по допрен глас и да ги елиминираат овие штетни практики кои имаат за цел да ги нарушат достоинството и угледот на жените Ромки!

„Заедно со пратеничката Љатифа Шиковска имавме средба со инспекторите од Министерството за внатрешни работи  задолжени за сајбер криминал. Сакаме да Ве известиме дека по поднесеното барање, Министерството за внатрешни работи понатаму ќе започе истрага за ова кривично дело. На самите објави има приватни фотографии и видеа од Ромки кои што живеат во Република Северна Македонија, но и надвор од нашата држава. Сите објави на спорната Фејсбук – страница, предизвикува лавина од вознемирувачки коментари и говор на омраза од поединци, како и повици за јавен линч со што се повредува достоинството на Ромките чии фотографии се објавени“, велат од Иницијативата на жени на Шуто Оризари.

Но, во истата Фејсбук страница се споделуваат и политички содржини, односно поддршка за кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Тефик Махмут од Левица, додека за неговите противкандидати има црна кампања и говор на омраза…

ЦИВИЛ го осудува овој грозоморен чин и во петок (08.10.2021) ја пријави Фејсбук страница во Министерството за внатрешни работи, Одделот за компјутерски криминал и Дигитална форензика и Основното јавно обвинителство за итно да преземат мерки, односно да ја изгаснат оваа страница и да ги откријат администраторите на страницата, и соодветно да ги санкционираат.

Во моментов Фејсбук страницата се уште е достапна.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ