• Latest
Добро утро со Орданоски

Во недела, изборот ќе биде рационален

October 15, 2021
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Во недела, изборот ќе биде рационален

Изборно решавачкиот број повторно се сведува на пар стотици илјади гласачи кои, по правило, би требало да имаат порационален, отколку поемотивен пристап при своето гласање. И тоа кај голем број од нив ќе биде повеќе избор за кого да НЕ гласаат, отколку за кого да гласаат. Ако, воопшто, решат да излезат на гласање – што е предизборниот мобилизациски трик на секоја изборна кампања

October 15, 2021 07:28
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Како и на претходните неколку изборни соочувања, и на овие локални избори излегуваме со прилично јасна слика за тоа кој за што се залага, со сите вообичаени претерувања или дефицити во понудите карактеристични за локален натпревар меѓу опонентите во изборната трка. Големите партиски „падрони“ од главните три-четири политички формации во државава својски се потрудија на своите локални кандидати да им го обезбедат националниот политички наратив, во сите тековни конфронтирачки детали и за актуелната и за стратегиската „висока политика“ во Македонија.

Последен од лидерите кои тоа го направија беше Али Ахмети со својот предизборен говор некни во Чаир кој се потруди и на своите гласачи и на целата македонска јавност ефикасно да ѝ стави до знаење дека „зелената агенда“ на ДУИ е само изборниот костум – два-три броја поголем – облечен за потребите на целиот изборен театар, но дека вистинската агенда на ДУИ и понатаму си е суштински преокупирана со националистичките преокупации на интегративците кои светот сѐ уште го гледаат претежно низ симболизмот на етничките идентитети, по можност низ пополнување на државни функции што би биле резултат на политички преговори со своите коалициони партнери. Со ВМРО-ДПМНЕ и Груевски десетина години успешно ја развија својата политичка и бизнис елита, со СДСМ националистичката приказна лефтерно ја надградија уште некој степен погоре, користејќи ја девизата „едно општество за сите… кадри на ДУИ“.

А, вреди да потсетиме дека во сите објективни, но и партиски „монтирани“ истражувања на јавните мислења што се објавија и пред овие избори, темите кои се главна преокупација на граѓанството се сосема „поместени“ кон корпусот на социјалниот и економскиот живот на населението, со сѐ поизразена свест за факторите што влијаат врз нивното секојдневие (заштитата на природната околина, корупцијата, животниот стандард и сл.).

Тоа, сепак, не значи дека граѓаните не се подготвени за оценување на изборната локална понуда и на едно поапстрактно ниво: едно е „квантитативната“ проценка за тоа што конкретно (не) е сработено, а друго е „квалитативниот“ став на секој од гласачите за насоката во која се движат работите, во што влегува и историјата и перспективата на покрупните општествени процеси. Затоа партиските лидери трошат толку време на мешање „баби“ (фалејќи ја понудата на нивните конкретни локални кандидати) и „жаби“ (фалејќи ја својата „генерална“ политика, со жестоки критики за политичките противници).

Изборниот резултат и на овие локални избори ќе биде „идеалната средина“ во која се наоѓаат токму овие конкретни и апстрактни проценки на гласачите. Пресудни во тоа ќе бидат не гласовите на „тврдите“ партиски членства по општините и вообичаената партиска „клиентела“, чиј квантитет, со релативна точност, може и сега да се предвиди; туку големиот број на оние гласачи кои размислуваат „квалитативно“, без партиската обврска за кого да го дадат својот глас.

Тој изборно решавачки број повторно се сведува на пар стотици илјади гласачи кои, по правило, би требало да имаат порационален, отколку поемотивен пристап при своето гласање. И тоа кај голем број од нив ќе биде повеќе избор за кого да НЕ гласаат, отколку за кого да гласаат. Ако, воопшто, решат да излезат на гласање – што е предизборниот мобилизациски трик на секоја изборна кампања.

Традиционално, македонското „изборно“ општество е прилично дисциплинирано и демократски одговорно. Дури и кога нема непосредни драматични причини што би  мотивирало голема излезност, луѓето во висок, легитимирачки број излегуваат да го дадат својот глас. На локалните избори во 2017 година излезноста во првиот круг на гласање изнесуваше 60%, во 2013 излезноста беше 67%, во 2009 – 58% и така натаму.

Претпоставувам дека така ќе биде и на овие локални избори, чија кампања, до сега, поминува во, генерално, фер и демократска атмосфера. Ќе излезат луѓето и ќе гласаат, кандидати има „едно чудо“, мнозинскиот избор ќе биде рационален. Така опстојува демократијата.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ