• Latest

Унгарската опозиција води на анкетите пред изборите, нивниот лидер планира екстрадиција на Груевски

October 29, 2021

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Унгарската опозиција води на анкетите пред изборите, нивниот лидер планира екстрадиција на Груевски

October 29, 2021 10:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската алијанса од шест политички партии во Унгарија има предност на предизборните анкети од 4 проценти пред владејачката партија „Фидеш“ на Виктор Орбан, пишува британскиот весник Гардијан. Поддршката на здружената опозиција во моментов изнесува 39 отсто, партијата на Орбан има популарност од 35 отсто, додека 23 отсто од граѓаните не одлучиле за кого ќе гласаат.

Сите опозициски партии во Унгарија се обединети во широка коалиција, кои заедно застанаа зад кандидатот Петер Марки-Зај, конзервативен градоначалник на мал град од југот на Унгарија и татко на седум деца. Во анти-Орбан коалицијата влегуваат партиите на социјалистите, социјалдемократите, зелените, либералите и поранешните ултра-десничари. Тие ќе го поддржат Марки-Зај за иден унгарски премиер, којшто ќе му се спротивстави на Орбан на изборите што ќе се одржат во април 2022 година.

Марки-Зај себеси се опишува за конзервативен политичар и католик по вероисповед, којшто успеал како независен кандидат да стане градоначалник на Ходмезевашархељ на изборите што се одржаа во 2018 година, и со тоа да ја преземе власта во некогашното упориште на Орбан. Ваквиот персонален профил на идниот кандидат за премиер, заедно со воспоставената коалиција од шест партии, можно е догодина да предизвика промена на власта во Унгарија.

Инаку, Петер Марки-Зај веќе на Твитер објави дека меѓу бројните промени коишто планира да ги направи во Унгарија е и екстрадицијата во нивните матични земји на поранешниот македонски премиер Никола Груевски и јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа, кои во моментов уживаат азил во Унгарија од Орбан.

„Ќе ги избркаме криминалните мигранти населени од Фидеш. Ќе ги екстрадираме Никола Груевски од Македонија, Заид Нафа од Јордан и други криминални мигранти населени од Фидеш“, напиша вчера опозицискиот кандидат за премиер, Марки-Зај.

Фејсбук статус на опозицискиот кандидат за премиер, Петер Марки-Зај.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски избега во Унгарија во 2018 година, со цел да ја избегне правдата, по што побара и доби азил од страна на унгарските власти. Институциите предводени од Виктор Орбан му го одобрија азилот на Груевски само неколку дена по неговото пристигнување во Будимпешта во текот на ноември 2018 година.

Инаку, Никола Груевски најпрво во земјава беше осуден на две години затвор во 2018 година за набавката на луксузниот мерцедес од 600.000 евра со пари од полицијата, односно за примање награда за противзаконито влијание за набавката на мерцедесот, при што правосилноста на пресудата беше потврдена во септември 2020 година од Врховниот суд. Лани Груевски беше осуден на дополнителни 1,5 години затвор за случајот „Насилства во општина Центар“, а поранешниот премиер се гони и во други судски процеси од обвинителните акти кои ги покрена СЈО, пренесува Мета.мк.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ