• Latest
Коментар на Аугустин Палокај за Јутарњи лист, извор: МИА

„Јутарњи лист“: ЕУ изневери многу држави, но ниту една како Северна Македонија

November 3, 2021
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Јутарњи лист“: ЕУ изневери многу држави, но ниту една како Северна Македонија

November 3, 2021 21:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Коментар на Аугустин Палокај за Јутарњи лист, извор: МИА

Коментар на Аугустин Палокај за Јутарњи лист, извор: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија изневери многу држави, но една речиси уништи. Неспорно е дека за евентуални нови тензии во државата и политичката нестабилност одговорноста ја сноси и Европската Унија, пишува познатиот новинар и уредник Аугустин Палокај во „Јутарњи лист“, коментирајќи ја оставката на премиерот Зоран Заев по одржаниот втор круг локални избори во неделата.

Весникот наведува дека ЕУ веќе два дена не реагира на новонастанатата ситуација во Северна Македонија. – Може да се разбере и ставот дека не коментираат резултати од избори, особено локални. Но оставката на премиерот ја менува целокупната политичка ситуација не само во Македонија, туку и пошироко, пишува во колумната на „Јутарњи“.

– Претседателот на Владата на Македонија, односно Северна Македонија (таа држава беше принудена да го промени и името во надеж дека ќе се отворат вратите за интеграција во ЕУ) Зоран Заев поднесе оставка откако неговата партија доживеа тежок пораз на локалните избори. На прв поглед тоа се чини како разумен чин, доказ за чувството за одговорност за неуспех, што и не е некоја карактеристика на политичарите на Балканот. Лидерот на партијата е најзаслужен кога се победува, но и најодговорен кога се губи. Но оставката на Заев има значително поширок контекст, оценува Палокај во „Јутарњи лист“.
Во Весникот додава дека оставката доаѓа во време кога на С Македонија уште еднаш и е блокиран патот кон ЕУ. Овојпат, пишува весникот, тоа го стори Бугарија со која се спорат околу идентитетски прашања, вклучувајќи ја и етничката припадност на некои историски личности. На пример дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин. – Одговорот на ова прашање во моментов е најголема пречка во процесот на проширување на ЕУ. Не само за Северна Македонија туку и за Албанија, бидејќи ако Бугарија ја блокира Македонија, тогаш некои други држави не се согласуваат пристапните преговори да се отворат со Албанија. И така целиот процес стои, коментира „Јутарњи“.
Реформската Влада на Зоран Заев, продолжува весникот, противниците ја обвинуваа за издавање на националните интереси и таа Влада во надеж дека со тоа ќе ја отстрани последната пречка на патот кон ЕУ се согласи на промена на името на државата. – И навистина, Грција ја отстрани својата блокада, меѓутоа, после тоа, следеше блокадата од страна на Бугарија, и ако е за верување на Брисел, спорот со Бугарија е единствена пречка, оценува весникот.
Тешко е да се верува, коментира натаму „Јутарњи“ дека самата Бугарија би можела да го спречи отворањето преговори на ЕУ со Северна Македонија, што е само прв чекор на долгиот пат кон интеграцијата, да немаше премолчена согласност од некои други држави. – Ако на Германија и на Франција навистина им значеше да дојде до отворање на преговорите, тоа и ќе се случеше. Ќе се најдеше начин да се одоброволи Бугарија сега да се отворат преговорите, а во текот на процесот да се решат отворените прашања, пишува весникот. / МИА
– Ниту еден компромис за 15 години не беше доволен ЕУ да го исполни ветувањето. Значи, жртвата која Владата на Зоран Заев ја поднесе беше залудна. На тој начин ЕУ ја остави Македонија на цедило, ги изневери очекувањата и не ги исполни не само ветувањата, туку и јасните обврски. ЕУ досега разочара и други држави, но ниту една како Северна Македонија. Во почетокот на 21 век, Македонија беше првата од државите од регионот на патот кон ЕУ, пред Хрватска. Прва имаше склучено Спогодба за стабилизација и асоцијација. И додека Хрватска го заврши патот кон членството и влезе во ЕУ пред повеќе од осум години, сега С Македонија се уште чека на првиот чекор, отворање на преговори, наведува „Јутарњи“.
Се отвора прашањето, додава весникот, дали досегашната коалиција ќе продолжи да владее со нов премиер или ќе се оди повторно на нови избори. – Избори ќе има и во Бугарија, трети вонредни, а по нив тешко дека ќе има решение за спорот со Северна Македонија. Ќе биде уште потешко ако има нови избори во Македонија. Притоа, меѓуетничките односи во Македонија се сè уште чувствителни, коментира „Јутарњи“.
– Европската Унија досега побара од Македонија, но и од сите земји кандидати или потенцијални кандидати, реформи, борба против корупцијата и исполнување други услови. Во меѓувреме, поранешниот македонски премиер Никола Груевски, обвинет за корупција, доби азил во ЕУ, од каде што доаѓа актуелниот комесар за проширување. Има многу апсурди во односите меѓу Европската Унија и Северна Македонија. Но, несомнено е дека за евентуални нови тензии во земјата и за политичката нестабилност одговорност сноси и Европската Унија, заклучува „Јутарњи лист“. нд/бак/
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ