• Latest
Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

„Репортинг Демокраси“: На безгрижните денови на Груевски можеби им се ближи крајот

November 13, 2021
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

„Репортинг Демокраси“: На безгрижните денови на Груевски можеби им се ближи крајот

November 13, 2021 09:51
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

Никола Груевски, фотографиран во Будимпешта, маскиран со капче и очила за сонце. Фото: János Marjai / 24.hu

Share on FacebookShare on Twitter

Животот на поранешниот авторитарен премиер во Северна Македонија, Никола Груевски последниве три години изгледаше вака: бегалец од правдата во својата татковина и барател на политички азил во Унгарија, заштитен од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Меѓутоа, со неодамнешниот избор на Петер Марки-Зај, конзервативен градоначалник на Вашархељ, за лидер на здружената опозиција во Унгарија, кој се смета дека има најдобра шанса да го порази долгогодишниот актуелен унгарски премиер на следните избори, што треба да се одржат во април 2022, политичката клима во земјата би можела да стане неповолна за Груевски, се наведува во анализа објавена на новинарската платформа „Репортинг Демокраси“.

Во анализата се потсетува дека Марки-Зај неодамна во објава на Фејсбук најави дека „ќе ги екстрадира криминалните мигранти кои ФИДЕС (партијата на Орбан) ги донесе во земјата: Никола Груевски од Северна Македонија, Заид Нафа од Јордан и други“.

Но, како што се наведува во текстот, според правни експерти, за да му биде укинат статусот на Груевски како азилант и за негова екстрадиција ќе треба повеќе од политичка волја и тој процес би бил многу комплициран и долг.

– Во демократска држава базирана на владеењето на правото, ниту една влада, ниту еден премиер, немаат право некому да му го одземат статусот на бегалец, изјави Андрас Ледерер, претставник на унгарскиот Хелсиншки комитет, задолжен за мониторинг на човековите права.

Но, и покрај тоа, според авторите на анализата, постојат правни начини да му се укине статусот на азилант на Груевски, бидејќи Националниот генерален директорат за управување со странци на Унгарија, на секои три години ги проверува бегалските статуси.

– Тоа е всушност една нова процедура за азил, во која подносителот мора да докаже дека сè уште постојат причините поради кои му е одобрен азилот. Врз основа на доказите, властите може да одлучат дали ќе го продолжат азилот или ќе го укинат, објаснува Ледерер.

Во анализата се потсетува дека Груевски „стигна во Унгарија на 11 или 12 ноември 2018 година, за да избегне отслужување на двегодишна затворска казна“, по што уште истиот месец доби азил по итна постапка, која „многу критичари ја сметаа за мошне контроверзна и како личен гест на добра волја на Орбан кон неговиот политички сојузник“.

– (Груевски) во својот ракав криеше ас – мислење на Комисијата за заштита од дискриминација кое го добил кратко пред да избега и во кое се тврдеше дека бил дискриминиран и дека нема да добие фер судење во неговата држава. Иронија е тоа што оваа Комисија беше избрана во времето кога партијата на Груевски беше на власт и предводена од неговиот силен поддржувач – Александар Даштевски, се додава во текстот, при што се потсетува дека барањето за азил во Унгарија беше одобрено за помалку од 10 дена.

Во анализата се нагласува дека унгарски невладини организации, како Хелсиншкиот комитет, биле изненадени од брзото одобрување на барањето за азил на Груевски, посочувајќи дека на имиграциските власти во Унгарија вообичаено им требаат околу 60 дена за да одлучат за такви барања, кои најчесто ги одбиваат. Тие потенцираат дека во 2018 година, Унгарија им дала азил на 68 лица, а одбила 595 азилантски барања.

– Но, дури и ако азилантскиот статус на Груевски во Унгарија биде укинат, тој би можел да поднесе жалба на одлуката до унгарски суд, се додава во анализата.

Во текстот се потсетува дека Суд во Унгарија во 2019 година веќе одби барање од Северна Македонија за екстрадиција на Груевски, тврдејќи дека „лице препознаено како бегалец не може да биде екстрадирано во државата од која побегнало“.

– Во нов процес, ако има ново барање за екстрадиција од Северна Македонија, и ако Груевски веќе не биде сметан за бегалец, тогаш би можел да биде екстрадиран. Но, унгарски суд мора да одлучи дали во татковината ќе има фер судење, објаснува Ледерер, додавајќи дека целиот процес би можел да потрае со месеци, ако не и со години.

Во анализата се нагласува и дека некои унгарски медиуми, како сајтот 24.hu, шпекулираат дека во случај да му биде укинат азилот во Унгарија, Груевски „би можел да реши да се пресели во Турција или Русија“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ