• Latest

Инфраструктурни патни врски со Бугарија во најава и реализација

January 15, 2022

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Инфраструктурни патни врски со Бугарија во најава и реализација

January 15, 2022 09:50
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје и Софија немаат ниту железничко, ниту авионско, ниту автопатско поврзување. Во најава или во тек се неколку проекти од наша страна што треба да обезбедат подобро поврзување на луѓето и бизнисот и зголемен обем на трговска размена.

Во предлог програмата на Владата е наведено дека во првата половина на годинава ќе продолжи изградбата на првата и втора делница од источниот крак на железничкиот Коридор 8 ( Куманово – Бељаковце) и (Бељаковце – Крива Паланка) од пругата кон Бугарија. Тоа е еден од клучните инфраструктурни проекти за поврзување со соседна Бугарија, чиј нов премиер Кирил Петков неодамна најави дека ќе се формираат работни групи со нашата држава, меѓу останатото за инфраструктура и за економија.

-Напролет се очекува да продолжат работите на пругата кон Бугарија, како и да биде објавен тендер за третата делница. Активностите се во координација со Бугарските железници и се следи во целост динамиката од бугарската страна за финализација на проектот во 2027 година, вели за МИА Хари Локвенец, директор на Железници Инфраструктура.

Во финална фаза е евалуацијата на понудите за првите две делници од наша страна Куманово-Белјаковце и Белјаковце – Крива Паланка.

-Во моментов сме во финална фаза на евалуација на понудите за првите две делници Куманово-Белјаковце-Крива Паланка. Понудените цени се на ниво од 200 милиони евра. Во нив користиме грант од 68 милиони евра од WBIF-Western Balkan Investment Framework,  додека останатиот дел е финансиран од ЕБРД. Предвидениот рок за реализација на првата делница е 24, додека за втората е 36 месеци. Градбата се очекува да започне оваа пролет, посочува Локвенец.

Третата фаза Крива Паланка – граница со Бугарија, во должина од 24 километри, е најтешката делница. На 24 километри проектирани се 25 тунели и 51 мост, што значи дека на секој километар ќе има по еден тунел и два моста. Проектантската вредност од 2016 година е 405 милиони евра, која, според Локвенец, заради светската инфлација можно е да биде и повисока.

-За оваа делница користиме ИПА 2 грант од 60,75 милиони евра. Важно е да се истакне дека во февруари лани кај ВБИФ аплициравме 153 милиони евра инвестициски грант за оваа делница за кој позитивен одговор очекуваме овој месец. Остатокот од парите ќе биде финансиран од ЕИБ и ЕБРД по половина, со што водечка финансиска институција ќе биде ЕИБ. Подготовката на тендерската документација е во завршна фаза и очекуваме оваа пролет тендерот да биде објавен, а на почетокот на 2023 година да се почне со градба. Времето на реализација е четири години, наведува Локвенец.

Сите овие активности, дополнува тој,  се координирани и планирани со директорот на Бугарските железници Папукчиски и ја следат во целост динамиката од бугарска страна за финализација на севкупниот проект во текот на 2027 година.

Изградбата на пругата во државава е почната во 1994 година. За таа намена се одвојувани пари од државниот Буџет се до 2004 година, кога беше стопирана изградбата. По речиси децениски застој на градежните работи, во март 2014 година почна обновата на изградените тунели и мостови и градба на новите делови согласно проектот. Тогаш беше поставен рок за завршување на работите во 2016 година, но проблемите на терен од имотно-правен карактер го оддолжија работите. Тој проект предвидува целосна реконструкција на постојната пруга во должина од околу 31 километар, изградба на три железнички станици, шест стојалишта, повеќе надвозници и подвозници, изградба на мост над Пчиња, обновување на постојните мостови, инсталирање на кабелски водови, огради, заштитни бариери и нови сигнално сигурносни уреди. На оваа делница сега се завршени 54 проценти од градежните работи, кои беа прекинати откако германски „Вибе” во јуни 2020 година еднострано го раскина Договорот за изведба. Со тековната тендерска постапка треба да се избере изведувач што ќе ја заокружи оваа делница и ќе ја изгради втората во должина од 34 километри.

Замена на автопатско поврзување помеѓу Скопје и Софија, според сегашните состојби, од наша страна е експресниот пат во изградба и проширувањето и обновата на постојните делници.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, на прашање на МИА кога ќе имаме подобро патно поврзување со оваа соседна држава, посочи дека поради економското и политичкото значење на Коридорот 8 и патното поврзување со Бугарија и со поширокиот регион, се инвестира во модернизација и доизградбата на паневропскиот коридор и патните правци опфатени со него.

-Имаме неколку значајни проекти отпочнати во тој дел на државата како што е рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово-Страцин кој е од витално значење не само за регионот, туку и за целата држава. Проектот е поделен на два дела. Првата фаза е од Куманово до село Војник, во должина од 15,2 километри, во вредност од 4,7 милиони евра средства обезбедени од ИПА 2 фондовите. Рехабилитацијата на оваа фаза завршува во јуни следната година. Втората фаза е од село Војник до Страцин, во должина од 16,6 километри, во вредност од 7,2 милиони евра, пари обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта. Овој дел е веќе во завршна фаза и очекуваме набргу да биде комплетно завршена рехабилитацијата, наведе Рустеми во новогодишното интервју за МИА.

Минатата година беше рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар. Со почнатите други рехабилитации, санации и изградби во овој регион, посочи Рустеми, сакаме да добиеме комплетен Коридор 8 кој ќе биде безбеден и сигурен за учесниците во сообраќајот.

-Течат работите и на новиот експресен пат Страцин–Длабочица–Крива Паланка кој е финансиран од Светска Банка, очекуваме делницата да биде комплетирана и пуштена во сообраќај до крајот на 2022 година, а за делницата Крива Паланка–Деве Баир финансирана од ЕБОР и WBIF, се очекува градежните работи да бидат комплетирани до средина на 2022 година. Исто така, во изработка е проектната програма за проектирање на нов експресен пат Романовце–Страцин кој што е планиран да се финансира од IPA 3, информираше Рустеми.

Во однос на директното авионско поврзување на Скопје и Софија, како што велат од нашата Агенција за цивилно воздухопловство, не постојат никакви правни или регулаторни пречки за воведување летови. Но, посочуваат, иницијативата треба да потекне од воздушните превозници врз основа на нивните комерцијални потреби и барања.

Според министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев, се работи на можностите за воведување авиолинија Софија-Скопје. Премиерот на Бугарија Кирил Петков, како што изјави на 6-ти месецов Сабев, побарал да види какви се можностите за воведување на летот Софија-Скопје, што ќе биде манифестација на добра волја. Сабев рече дека бил поканет од премиерот Петков да го придружува за време на неговата посета на државава и дека ќе преговара со колеги „за да имаме лесна и брза транзиција“. Бугарскиот министер за транспорт наведе дека се преговара со конкретни авиокомпании кои би биле заинтересирани да вршат летови од Софија до Скопје и обратно.

Република Бугарија е наш шести трговски партнер во првите десет месеци од 2021 година. Во периодот јануари-октомври 2021 вкупната трговска размена  со оваа соседна држаа изнесува 709,1 милион долари, со раст од 30 проценти споредено со истиот период од минатата година. Извозот изнесува 328,64 милиони долари и бележи зголемување од 30,5 проценти. Износот на увозот е 380.46 милиони долари, исто така со зголемување од 29,5 проценти. Остварениот дефицит е 51,8 милиони долари. Во 2020 година, пак, трговската размена изнесувала 664,8 милиони долари, за седум проценти помалку споредено со 2019 година. Кај извозот тогаш е регистриран пад од 12 проценти, а кај увозот од три проценти.

Во 2020 година државава ја посетиле 10 443 туристи од Бугарија, во 2019-та нивниот број изнесувал  55 880, а во 2018. година 52 659. / МИА

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ