• Latest

Талибанските лидери ги започнаа разговорите со западните дипломати во Осло за хуманитарната криза во Авганистан

January 24, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Талибанските лидери ги започнаа разговорите со западните дипломати во Осло за хуманитарната криза во Авганистан

January 24, 2022 19:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Талибанските лидери денеска во Осло ги почнаа  разговорите со западните дипломати за тешката хуманитарна криза во Авганистан. Дипломатите го условуваат продолжувањето на дијалогот со почитување на човековите права.

Делегацијата на авганистанските талибанци, предводена од министерот за надворешни работи, Амир Кан Мутаки, во Осло се сретна со претставници од САД, Франција, Велика Британија, Германија, Италија, Европската Унија и Норвешка.

Во центарот на разговорите е лошата хуманитарна ситуација во Авганистан, земјата што е лишена од меѓународна помош и погодена од долготрајна суши, а во која гладта ​​му се заканува на повеќе од половина од населението.

„Во обидот да ја решиме хуманитарната криза (..), ние ја продолжуваме острата дипломатија со талибанците во постојаната тенденција Авганистан да биде стабилен, правата да се почитуваат и сите класи да бидат вклучени во власта“, напиша вчера на Твитер американскиот пратеник во Авганистан, Томас  Вест.

Талибанците се надеваат дека разговорите ќе им помогнат во нивните напори да ја натераат меѓународната заедница да ја признае нивната влада.

Ниту една влада сè уште не го признала режимот на фундаменталистичките талибанци, кои беа соборени од САД во 2001 година, но се вратија на власт во август 2021 година, откако со молскавична офанзива ја освоија целата земја.

Западните лидери велат дека заради хуманитарната криза „мора да преговараат со властите, кои де факто ја водат земјата“.

Бројни експерти и припадници на авганистанската дијаспора го критикуваа повикот за преговори со талибанците, а се одржаа и неколку протести пред Министерството за надворешни работи во Осло.

Во Кабул, Вахида Амири, активистка која редовно протестира откако талибанците се вратија на власт во земјата, денеска изрази „жалење што земја како Норвешка го организира овој самит, седи на маса со терористите и склучува договори со нив“.

Две феминистички активистки минатата недела исчезнаа во Кабул, каде што учествуваа на протест, а талибанците негираат каква било одговорност.

Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, вчера на Твитер напиша дека „разбирањето и соработката се единственото решение за проблемите на Авганистан“.

Меѓу 15-те членови на делегацијата, составена исклучиво од мажи, е и поранешниот воен водач Анас Хакани, а неговото присуство во Осло беше особено критикувано.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ