• Latest

Тренчевска: Деинституционализацијата продолжува, отворен првиот мал групен дом за лица со попреченост во Велес

February 9, 2022
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Деинституционализацијата продолжува, отворен првиот мал групен дом за лица со попреченост во Велес

February 9, 2022 18:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Деинституционализацијата продолжува, порача министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, од Велес каде денеска ја промовираше првата единица за живеење со поддршка, во која се сместени пет поранешни корисници на Специјалниот завод Демир Капија, пренесува МИА.

Согласно индивидуалните потреби на корисниците, за нив 24 часа се грижи тим од негуватели и стручни соработници, од „Здружението на лица со церебрална парализа и други попреченост – Велес“.

Според министерката спроведувањето на Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 „Тимјаник“, и во услови на пандемиска реалност, е еден од врвните приоритети на Министерството за труд и социјална политика.

– Со деинституционализацијата на лицата со попреченост се овозможува инклузија на лицата и воедно се дава шанса тие да дадат свој придонес во општеството. Треба да ги заборавиме и да ги отстраниме сите предрасуди, стереотипи поврзани со лицата со попреченост. Малиот групен дом на новите станари им дава можност да се чувствуваат рамноправни жители на заедницата бидејќи домот во кој живеат, не се разликува по ништо од оној на соседите. Тие веќе имаат секој своја соба, свое шкафче и свое интимно катче. Поради задоволството, условите и грижата што ја видов овде, за овие лица, ние ќе продолжиме  со истата посветеност, затоа што сме убедени дека никој не смее да живее на маргините од општеството. Деинституционализацијата е долгорочен процес и бара континуирани напори и посветеност, но истовремено не доближува до европските практики и стандарди на полето на социјалната заштита, рече министерката Тренчевска.

Таа, како што соопшти МТСП, порачува дека соработката помеѓу Министерството, граѓанските здруженија и локалната власт, во примената на социјалните услуги, покажува како се гради  едно општество за сите.

Ги повика здруженијата да се лиценцираат за давање социјални услуги, како предуслов за добивање на финансиски средства од државата. Информираше дека наскоро во Општина Демир Капија ќе се отворат две нови станбени единици и дека новиот тригодишен Акциски план за спроведување на Националната стратегија за деинституционализација во периодот 2022-2024 година наскоро ќе биде објавена.

Претседателката на „Здружението на лица со церебрална парализа – Велес“, Далиборка Златева, рече дека како прв лиценциран давател на социјалната услуга – живеење со  поддршка, во Општина Велес, подготвени се за нега, грижа, социјализација и интеграција во општествениот живот на лицата со попреченост и дека во наредниот период очекуваат да се отворат уште четири домови.

-Да градиме свет без бариери со еднакви можности за сите “, рече Златева.

Според градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев грижата за најранливите е одговорност на целото општеството и затоа е непоходно подигнување на јавната свест и прифаќање на овие лица како рамноправни чинители, кои понатаму ќе можат да дадат придонес кон локалната заедница.

Раководителот на секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија, Стефан Худолин, рече дека ќе продолжат со поддршката и соработката во интерес на граѓаните.

-Нашите општества мора да научат да се борат против дискриминацијата и различноста да ја гледаат како позитивен елемент, рече Худолин.

Деинституцонализацијата започна во 2017 година, кога во резиденцијалните социјални установи во земјата беа сместени повеќе од 480 корисници – деца и возрасни, со и без попреченост. Денеска во овие установи има помалку од 240 лица, но, ниту едно дете под 18 годишна возраст.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ