• Latest

Турција им даде рок од 72 часа на Дојче веле, Гласот на Америка и Евроњуз да обезбедат лиценци или ќе ги блокира

February 10, 2022
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Турција им даде рок од 72 часа на Дојче веле, Гласот на Америка и Евроњуз да обезбедат лиценци или ќе ги блокира

February 10, 2022 10:09
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Турското тело за следење на радиодифузијата им даде на три меѓународни новински агенции рок од  72 часа да добијат дозвола за работа или ќе им биде блокиран пристапот до нивните платформи, рече еден од нејзините членови во средата (9-ти февруари), пишува Еурактив.

Илхан Ташчи го критикуваше потегот на Врховниот совет за радио и телевизија (РТУК) да бара лиценци од веб-страниците на турски јазик на германскиот радиодифузер Дојче веле, Гласот на Америка и Еуроњуз, велејќи дека тоа означува дополнителен напад на слободата на медиумите во Турција.

„Со мнозинство гласови беше донесена одлука  веб-страниците amerikaninsesi.com, dw.com/tr и tr.euronews.com да добијат рок од 72 часа за да обезбедат лиценци“, напиша Ташчи во твитот.

Фото: Илхан Ташчи, еден од деветте членови на повисокиот одбор на РТУК/ Euractiv

Ташчи, еден од деветте членови на повисокиот одбор на РТУК, гласаше против.

Одборот на РТУК, во кој доминира владејачката АК партија, не беше веднаш достапен за да одговори  зошто ги побара лиценците.

Од Дојче веле изјавија дека знаела за одлуката, но засега не можат да  коментираат по ова прашање бидејќи се уште немаат официјални информации од РТУК за тоа.. Портпаролот на ДВ изјави дека, откако одлуката на регулаторот ќе биде официјално објавена на неговата веб-страница, агенциите ќе имаат  72 часа да аплицираат за лиценци или во спротивно нивните веб-локации ќе бидат блокирани.

Од Еуроњуз и Гласот на Америка, сеуште не излегоа со реакции.

Турција во последниве години се придвижи кон зголемување на медиумскиот надзор давајќи му на RTUK надзор над целата онлајн содржина, која исто така има моќ да ја отстрани. Околу 90 отсто од главните медиуми во Турција сега се во сопственост на државата или се блиски до владата.

Ташчи, кој исто така е опозициски пратеник, рече дека вистинската цел на РТУК е слободата на медиумите.

„По националните медиуми, на ред да бидат надгледувани и притиснати се меѓународните информативни сајтови. Со пристапот на RTUK „има видеа на страницата, мора да добие лиценца“, нема да останат вести без надзор“, рече тој.

Западните сојузници и групите за човекови права ја обвинија владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган дека го користи неуспешниот пуч во 2016 година како изговор за задушување на неистомислениците. Владата го негира ова, велејќи дека нејзините мерки се потребни поради безбедносните закани со кои се соочува Турција.

За време на неговото речиси две децении на власт, Ердоган често ги критикуваше медиумските содржини што не се во согласност со конзервативните исламски вредности што ги застапува неговата АК Партија.

Според Окан Конуралп, вториот опозициски член во РТУК, одлуката од средата е обид да се претворат медиумите во нишански цели.

„Сепак, и овој обид да се потиснат меѓународните медиуми е осуден на неуспех“, рече тој на Твитер.

Д.М

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ