• Latest

Калеска Ванчева: По признанијата во Титаник оставки да поднесат пратениците Николовски, Јанушев, Мисајловски и Милошоски

February 14, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Калеска Ванчева: По признанијата во Титаник оставки да поднесат пратениците Николовски, Јанушев, Мисајловски и Милошоски

February 14, 2022 14:01
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Законодавниот дом е храм на демократијата и израз на слободната волја на граѓаните. Затоа, по признанието на високи партиски функционери во судскиот случај „Титаник“ треба да следуваат оставки на сите актуелни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои биле дел од раководството на оваа партија во тоа време, изјави за медиумите пратеничката Снежана Калеска Ванчева, претседателка на Форум на жени на СДСМ.

-Има пратеници од актуелниот пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ директно поврзани со тоа време и тоа раководство. Александар Николовски, Антонијо Милошоски, Владо Мисајловски, Игор Јанушев се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, блиски соработници на Никола Груевски во време кога се кршеле законите, се злоупотребувале парите на граѓаните, се вршело поткуп при гласање и други изборни нерегуларности. По признанијата на нивните сопартијци, овие пратеници треба да се повлечат од политиката и да преземат морална одговорност, изјави Калеска Ванчева.

Прво, заради достоинството на функцијата народен претставник.

Второ, за да не ја злоупотребуваат својата позиција и повторно да бидеме сведоци дека се блокира Собранието, само за да се спаси некој од одговорност.

Трето, да не се врши притисок врз независните судски органи.

Сите актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои биле дел од тогашниот режим мора да се извинат пред граѓаните и да се повлечат.

Едно е јасно, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата режимска партија водена од двоецот Мицкоски – Груевски, додаде пратеничката.

Изјавата на пратеничката Калеска Ванчева следува откако поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ пред судот, во предметот Титаник кој се однесува на изборни мерегуларности, признаа дека ја злоупотребувале службената положба во партиски цели. Меѓу оние кои се изјаснија како виновни се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешната заменичка министерка за права Билјана Бришковска-Бошковска и Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој исто така е обвинет во овој предмет, но е во бегство во Будимпешта.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ