• Latest

Продолжуваат тензиите за законот за наставници – со блокади, деструкции и физички закани се спречува неговото донесување

February 20, 2022
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Најмалку 5 лица убиени во терористички напад врз автобуска станица во Ерусалим

September 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп тврди дека е подготвен за „втора фаза“ од санкциите против Русија, ќе разговара со Путин „многу наскоро“

September 8, 2025

Уште 7 дена за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи, крајниот рок е 15 септември

September 8, 2025
Фото: МНР на Украина/ Х

Честитки од МНР на Украина по повод Денот на независноста

September 8, 2025
Војо Маневски

Зошто се злоупотребуваат тајните служби?

September 8, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Зависна независност

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео

Одбележување на 34-годишнината на Денот на независноста – „Од сон до реалност, за вечност“

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Израелскиот врховен суд пресуди: Палестинските затвореници не добиваат соодветна храна

September 8, 2025

Руската хибридна војна против Европа (1): Европа конечно признава дека е нападната

September 8, 2025

Владата ја пушти „втората рата“ од 17 километри од делницата Кичево – Охрид

September 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Продолжуваат тензиите за законот за наставници – со блокади, деструкции и физички закани се спречува неговото донесување

February 20, 2022 16:36
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат препукувањата на релација власт-опозиција околу предлог-законот за наставници и стручни соработници кој е на дневен ред во Собраниската Комисијата за образование , наука и спорт. Меѓусебните обвинувања од Собранието, денеска продолжија преку партиски соопштенија.

Пратеничката од опозициската ВМРО ДПМНЕ, Иванка Василевска,на денешната прес конференција излезе со обвинување за владејачкото мнозинство дека сакаат „шверцерски и неделовнички“ да се стават на дневен ред во Комисијата за образование, наука и спорт, закон кој, според опозициската партија, има за цел целосна партизација на образованието.

-Четири дена тензии во Собрание и манипулации во јавноста од страна на СДСМ и ДУИ кои се со цел да се протурка штетен закон за продлабочување на партизацијата во образовниот процес. СДСМ шверцерски како и секогаш што прави, сака неделовнички на дневен ред во Комисијата за образование, наука и спорт, да се стави закон којшто има за цел целосна партизација на образованието.

Со овој закон платите на просветните работници нема да се зголемат! Како што напоменав и претходно, овој закон има за цел само партизација во образованието, обвинува Василева.

Со реакција на прес-конференцијата на Василевска , со соопштение излегоа од СДСМ, во кое  ја обвинија ВМРО ДПМНЕ за блокирање на предлог-законот за наставници и стручни соработници.

Од таму велат дека е срамно однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои со блокади, деструкции и закани за физички насилство спречуваат повисоки плати во образованието и трајно вработување за 4.700 наставници и стручни соработници во основните и средните училишта.

Цела година ВМРО-ДПМНЕ го блокира овој Закон на штета на наставниците и стручните соработници. За ВМРО-ДПМНЕ било штетно ова законско решение кое е во интерес на 27.000 наставници во основното и средното образование.

ВМРО-ДПМНЕ лаже дека ќе се укинува приправничкиот стаж, лаже дека се бори за поголеми плати во образованието, нивните блокади се на штета на наставниците и целиот образовен процес.

Зачудувачка е леснотијата со којашто ВМРО ДПМНЕ блокира толку важен Закон кој воопшто не го прочитале, велат од СДСМ. Со ова ВМРО ДПМНЕ го докажа и го достигна врвот на деструкција.

Доколку барем малку имаат искрена грижа за наставниците, ВМРО ДПМНЕ наместо да блокираат, ќе прочитаа и ќе знаеа дека со членот 21 од предлогот со измена на членот 66 од стариот Закон и додавање на нови членови, комплетно се дефинира платата која се состои од основната компонента и исклучителната компонента изразени преку бодови.

Значи основата компонента е различна зависно од кариерниот напредок и звањето на наставникот, а исклучителната компонента се изразува во членот 66-в.

Согласно членот 66-г, на наставникот кој реализира воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени согласно концепцијата за основно образование и воспитание, му се исплаќа плата во висина на плата за 40 часовно работно време во неделата, доколку има неделен фонд од најмалку 10 наставни часа.

Наставниците не заслужуваат да бидат потценети, навредувани, а најмалку ВМРО ДПМНЕ да ги дели партиски, стои во соопштението на СДСМ.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Зависна независност

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ