• Latest

Зеленски: Ова е сируп за кашлица кога е потребна вакцина против коронавирусот, системот за безбедност не функционира

February 21, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Зеленски: Ова е сируп за кашлица кога е потребна вакцина против коронавирусот, системот за безбедност не функционира

Украина сака мир. Европа сака мир. Светот вели дека не сака да војува, а Русија вели дека не сака да напаѓа. Некој од нас лаже. Ова уште не е аксиома, но веќе не е хипотеза.

February 21, 2022 15:22
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред два дена бев во Донбас, на линијата на разграничување. Законски – меѓу Украина и привремено окупираните територии. Фактички – границата меѓу мирот и војната. Каде од една страна има градинка, а од друга – проектил што испукал во неа. Од една страна – училиште, од друга – проектил кој слетува во училишниот двор, го започна своето излагање претседателот на Украина, Володимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција.

А до него – 30 деца. Кои што одат… не, не во НАТО, туку на часови, на училиште. Некој има физика. Знаејќи ги нејзините основни закони, дури и децата разбираат колку апсурдно звучат изјавите дека овие гранатирања доаѓаат од страната на Украина.

Некој има математика. Децата без калкулатор можат да ја пресметаат разликата меѓу бројот на гранатирања во овие три дена и спомнувањето на Украина во овогодишниот Munich Security Report.

И некој има историја. А кога во училишниот двор се појавува кратер од бомба, децата се прашуваат: зарем светот ги заборавил своите грешки од ХХ век?

До што водат обидите за смирување?, запраша Зеленски.

Како прашањето „Зошто да се умре за Данциг? се претвори во потреба да се умре за Данкерк и десетици други градови во Европа и светот. По цена на десетици милиони животи.

Ова се страшни лекции од историјата. Само сакам да се уверам дека ние ги читавме истите книги. А оттаму, исто го разбираме одговорот на главното прашање: како така се случи во 21 век во Европа повторно да има војна и да умираат луѓе? Зошто таа трае подолго од Втората светска војна? Како стигнавме до најголемата безбедносна криза од Студената војна? За мене, како Претседател на земја која изгуби дел од територијата, илјадници луѓе и покрај чии граници сега стојат 150.000 руски војници, опрема и тешко оружје, за мене одговорот е очигледен, рече тој.

Архитектурата на светската безбедност е кревка и треба да се ажурира. Правилата на кои светот се согласи пред неколку децении повеќе не функционираат. Тие не постигнуваат со новите закани. Не се ефикасни за нивно надминување. Ова е сируп за кашлица кога е потребна вакцина против коронавирусот. Системот за безбедност е бавен. По кој пат се урива. Заради различни работи: егоизам, самодоверба, неодговорност на државите на глобално ниво. Како резултат на тоа – злосторства на едните и рамнодушност на другите. Рамнодушност што ве прави соучесник. Симболично е што зборувам за ова токму овде. Токму тука пред 15 години Русија ја објави својата намера да ја оспори глобалната безбедност. Со што одговори светот? Со помирување. Резултат? Во најмала рака – анексијата на Крим и агресијата против мојата држава.

ООН, која треба да ги штити мирот и светската безбедност, не може да се заштити себеси. Кога се прекршува нејзината Повелба. Кога една од членките на Советот за безбедност на ООН анектира територија на една од основачите на ООН. Додека Кримската платформа – формат, чија цел е мирна деокупација на Крим и заштита на правата на Кримјаните, самата ООН ја игнорира, констатираше претседателот Зеленски.

Пред три години, токму тука Ангела Меркел рече: „Кој ќе ги собере урнатините на светскиот поредок? Само сите ние заедно“. Публиката аплаудираше стоејќи. Но, за жал, колективниот аплауз не прерасна во колективна акција. И сега, кога светот зборува за закана од голема војна, се поставува прашањето: а останува ли нешто да се собере? Безбедносната архитектура во Европа и светот е речиси уништена. Доцна е да се размислува за реновирање, време е да се изгради нов систем. Човештвото го правеше ова двапати, плаќајќи превисока цена – две светски војни. Ние имаме шанса да го прекинеме овој тренд додека тој не стане регуларност. И да започнеме со изградба на нов систем пред да има милиони жртви. Користејќи ги старите лекции од Првата и Втората светска војна, а не сопственото искуство за возможната, не дај Боже, трета, рече Зеленски.

Зборував за тоа овде. И на говорницата на ООН. Дека во XXI век веќе нема туѓа војна. Дека анексијата на Крим и војната во Донбас се удар по целиот свет. И ова не е војна во Украина, туку војна во Европа. Зборував за тоа и на самити и на форуми. Во 2019, 2020, 2021 година. Дали светот ќе може да ме слушне во 2022 година?

Ова веќе не е хипотеза, но сеуште не е аксиома. Зошто? Потребни се докази. Со поголема тежина од објавите на Твитер или изјавите во медиумите. Потребни се дејства. Имено на светот, не само на нас, потенцираше украинскиот Претседател.

Дел од говорот на Претседателот на Украина на 58-мата Минхенска безбедносна конференција

Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ