Русија вели дека Украина се стреми да се приклучи на Алијансата за да го врати Крим преку употреба на сила. Утешително е тоа што во нивната реторика се појавуваат зборовите „враќање на Крим“. Но, тие невнимателно го прочитале членот 5 од Повелбата на НАТО: колективната акција е предвидена за заштита, а не за напад. Крим и окупираните региони на Донбас сигурно ќе и се вратат на Украина, но само по мирен пат, рече претседателот на Украина, Володимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција.
Украина доследно ги спроведува Нормандиските договори и Договорите од Минск. Нивниот темел е несомненото признавање на територијалниот интегритет и независноста на нашата држава. Ние се стремиме кон дипломатско решавање на вооружениот конфликт. Ќе забележам – исклучиво врз основа на меѓународното право, потенцираше Зеленски.
Значи, што навистина се случува во мировниот процес? Пред две години со претседателите на Франција, Руската Федерација и канцеларката на Германија се договоривме за целосен прекин на огнот. И Украина строго се придржува до овие договори. Ние сме максимално воздржани на позадината на постојаните провокации. Постојано даваме предлози во рамките на „Нормандиската четворка“ и Тристраната контакт група. И што гледаме? Гранати и куршуми од другата страна. Убиени и ранети се нашите војници и цивили, а цивилната инфраструктура се уништува.
Последните денови особено го покажуваат тоа. Стотици масовни гранатирања со оружје забрането со договорите од Минск. Исто така, важно е да престане да се ограничува пристапот на набљудувачите на ОБСЕ во ТОТ на Украина. Им се закануваат. Ги плашат. Сите хуманитарни прашања се блокирани.
Уште пред две години потпишав закон за безусловен пристап на претставници на хуманитарни организации до притворениците. Но, на привремено окупираните територии нив едноставно не ги пуштаат. По две размени на затвореници, процесот беше блокиран, иако Украина обезбеди утврдени списоци. Тортурата и нечовечката тортура во злогласниот затвор „Изолација“ во Доњецк станаа симбол за кршење на човековите права.
Двата нови контролни пункта во Луганската област што ги отворивме во ноември 2020 година не работеа – и овде гледаме отворена опструкција под измислени изговори.
Украина прави се што е можно за да ги придвижи дискусиите и политичките прашања. Во ТКГ, во процесот во Минск, има наши предлози – нацрт-закони, но сè е блокирано – никој не зборува за нив. Украина бара веднаш да се деблокира преговарачкиот процес. Но, тоа не значи дека потрагата по мир е ограничена само на нив.
Подготвени сме да го бараме клучот за завршување на војната во сите можни формати и платформи: Париз, Берлин, Минск. Истанбул, Женева, Брисел, Њујорк, Пекинг – не ми е важно во која точка на светот да преговарам за мир во Украина.
Не е важно дали со учество на четири земји, седум или стотина, главно е меѓу нив да бидат Украина и Русија. Она што е навистина важно е разбирањето дека мирот не ни е потребен само нам, мирот во Украина му е потребен на светот. Мир и враќање на интегритетот во меѓународно признатите граници. И само така. И се надевам дека никој не ја смета Украина како пригодна и вечна тампон-зона меѓу Западот и Русија. Ова никогаш нема да се случи. Никој нема да го дозволи тоа.
Инаку – кој е следен? Дали земјите од НАТО ќе бидат приморани да се бранат меѓусебно? Сакам да верувам дека Северноатлантскиот договор и членот 5 ќе бидат поефикасни од Будимпештскиот меморандум.
За напуштање на третиот во светот нуклеарен потенцијал Украина доби безбедносни гаранции. Ние тоа оружје го немаме. Обезбедување исто така немаме. Немаме ни дел од територијата на нашата држава што е поголема по површина од Швајцарија, Холандија или Белгија. И што е најважно – нема милиони наши граѓани на Украина. Сето ова го немаме, констатираше Зеленски.
А сепак, нешто имаме. Имаме право да бараме преминување од политика на смирување кон обезбедување на гаранции за безбедност и мир.
Од 2014 година, Украина три пати се обиде да свика консултации со земјите гаранти на Будимпештскиот меморандум. Три пати – без успех. Денес Украина ќе го направи тоа по четврти пат. Како Претседател ова ќе биде мојот прв пат. Но, и Украина и јас го правиме ова за последен пат. Иницирам одржување на консултации во рамки на Будимпештскиот меморандум. На Mинистерот за надворешни работи му беше наложено да ги свика истите. Ако тие повторно не се одржат или доколку нивните резултати не гарантираат безбедност за нашата земја, Украина ќе има целосно право да верува дека Будимпештскиот меморандум не функционира и дека сите пакет-одлуки од 1994 година се под знак прашалник.
Зеленски од говорницата на минхенската кнференција предложи во наредните недели да се свика самит на постојаните членки на Советот за безбедност на ООН со учество на Украина, Германија и Турција со цел да се одговори на безбедносните предизвици во Европа. И развој на нови, ефективни безбедносни гаранции за Украина. Гаранции денес, додека не сме членка на Алијансата за одбрана. А всушност се наоѓаме во сивата зона – во безбедносен вакуум.
Што уште може да се направи сега? Да се продолжи со ефективна поддршка на Украина и нејзините одбранбени способности. Обезбедување на јасна европска перспектива на Украина, алатки за поддршка достапни за земјите кандидати, јасни и разбирливи временски рамки за пристапување во Алијансата.
Да се поддржи трансформацијата во нашата земја. Да се создаде Фонд за стабилност и обнова за Украина, програма за закуп на земјиште, снабдување со најново оружје, техника и опрема за нашата армија – армија која ја штити цела Европа.
Да се развие ефикасен пакет на превентивни санкции за да се одврати агресијата. Да ѝ се гарантира енергетска безбедност на Украина, да се обезбеди нејзина интеграција на енергетскиот пазар на ЕУ, кога Северен тек 2 се користи како оружје.
Сите овие прашања бараат одговори, рече Зеленски.
И досега наместо нив има тишина. И додека има тишина, нема да има молк на истокот од нашата држава. Односно – во Европа. Односно – во целиот свет. Се надевам дека целиот свет веќе конечно го разбира ова, Европа го разбира.
Претседателот Зеленски им се заблагодари на сите држави кои денеска ја поддржаа Украина. И со зборови, и со декларации и со конкретна помош. Оние кои денес се на наша страна. На страната на вистината и меѓународното право.
-Не Ве именувам – не сакам на некои други земји да им биде срам. Но, тоа е нивна работа, тоа е нивна карма. И тоа е на нивната совест. Сепак, не знам како ќе можат да им ги објаснат своите постапки на двајцата загинати и тројцата ранети војници денеска во Украина.
А најважно – на трите девојчиња од Киев. Едната има десет години, втората – шест, третата – само една година. Денеска тие останаа без татко. Во 6 часот наутро по средноевропско време. Кога украинскиот разузнавач, капетанот Антон Сидоров загина како резултат на артилериски оган, што е забранет со договорите од Минск. Не знам на што точно мислеше во последниот момент од својот живот. Тој сигурно не знаеше која агенда некој треба да ја исполни за да се заврши војната, кажа Зеленски при крајот на својот говор..
Но, тој точно го знае одговорот на прашањето што го поставив на почетокот. Тој точно знае кој од нас лаже. Нека му е вечен споменот. Нека им е вечен споменот на сите загинати денеска и за време на војната на истокот на нашата држава, го заврши своето излагање украинскиот претседател Володимир Зеленски на Минхенската безбедносна конференција
Дел од говорот на Претседателот на Украина на 58-мата Минхенска безбедносна конференција
Д.Мишев












