• Latest

Зеленски: Украина ги квалификува неодамнешните дејствија на Русија како кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава

February 22, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Зеленски: Украина ги квалификува неодамнешните дејствија на Русија како кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава

Украина ја осудува одлуката на Руската Федерација за признавање на „независноста“ на создадените од нејзина страна квази-ентитети на привремено окупираните територии на Украина - таканаречените „Луганска Народна Република“ и „Доњецка Народна Република“.

February 22, 2022 11:14
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со своите одлуки за признавање на „независноста“ на окупираните делови на Доњецката и Луганската област, Русија ги нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и ги легализира своите трупи во Донбас, кои се наоѓаат таму од 2014-та година. Ова го изјави Претседателот Володимир Зеленскиј во своето обраќање по состанокот на Советот за Национална Безбедност и Одбрана.

„Украина недвосмислено ги квалификува неодамнешните дејствија на Руската Федерација како кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава. Целата одговорност за последиците од овие одлуки е на политичкото раководство на Русија“, нагласи Шефот на државата.

Покрај тоа, според него, признавањето на „независноста“ на окупираните делови на Доњецката и Луганската област може да значи еднострано повлекување на Русија од договорите од Минск и игнорирање на одлуките во рамки на „Нормандиската четворка“.

„Тоа ги поткопува мирните напори и ги уништува постоечките преговарачки формати. Со денешните и утрешните можни решенија Русија ги легализира своите трупи кои всушност се наоѓаат во окупираните делови на Донбас од 2014 година. Земја која осум години ја поддржува војната, не може да го одржува мирот, како што таа тврди“, истакна Претседателот на Украина.

Володимир Зеленскиј извести дека ја дискутираше ситуацијата со Претседателот на Франција Емануел Макрон, канцеларот на Германија Олаф Шолц, Претседателот на САД Џозеф Бајден, Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон и Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел. Исто така се планира и телефонски разговор со Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Тој истакна дека денес МНР на Украина испратило барање до земјите-членки на Советот за безбедност на ООН врз основа на Будимпештскиот меморандум со барање за итно одржување на консултации. Исто така беше иницирано и одржување на седница на Советот за безбедност на ООН и посебна седница на ОБСЕ.

„Инсистираме на целосна работа на СММ на ОБСЕ со цел да се спречат провокации и натамошна ескалација“, нагласи Претседателот.

Покрај тоа, според Володимир Зеленскиј, иницирано е итно свикување на самитот на „Нормандиската четворка“.

„Очекуваме јасни и ефективни чекори за поддршка од нашите партнери. Многу е важно сега да видиме кој е нашиот вистински пријател и партнер, а кој ќе продолжи да ја заплашува Руската Федерација со зборови“, истакна Шефот на државата.

Претседателот увери дека Украина е посветена на политичко-дипломатско решение и не подлегнува на провокации.

„Можеме јасно да разликуваме провокации и офанзива на трупите на агресорот. Со нас е вистината. И ние никогаш нема да ја криеме вистината од вас. Штом ќе видиме промена на ситуацијата, штом ќе видиме зголемување на ризиците – вие ќе знаете за сето ова. Во моментов нема причина за хаотично дејствување. Ќе направиме се за да остане така и понатаму“, рече Володимир Зеленскиј.

Шефот на државата им се заблагодари на сите граѓани на Украина, кои повторно докажуваат дека Украинците се паметна и мудра нација и, покрај се, се уште се со ладна глава, реагираат смирено и промислено.

„Ние одамна сме подготвени на се. Но, причини за ваша непроспиена ноќ нема“, истакна Претседателот.

Изјава на Министерството за надворешни работи на Украина за одлуката на Руската Федерација да ја признае „независноста“ на т.н. „ДНР“ и „ЛНР“

Украина ја осудува одлуката на Руската Федерација за признавање на „независноста“ на создадените од нејзина страна квази-ентитети на привремено окупираните територии на Украина – таканаречените „Луганска Народна Република“ и „Доњецка Народна Република“.

Со таквите дејствија руската страна грубо ги прекрши основите на меѓународното право, Повелбата на ООН, ги наруши суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамки на нејзините меѓународно признати граници.

Одлуката на Русија да ги признае таканаречените „Луганска Народна Република“ и „ Доњецка Народна Република “ нема да има никакви правни последици. Оваа одлука нагло ја зголемува ескалацијата на ситуацијата и може да значи еднострано повлекување на Руската Федерација од договорите од Минск.

Украинската страна ги разбира намерите на Русија и нејзината желба да ја испровоцира Украина. Ги земаме предвид сите ризици и не подлегнуваме на провокации, остануваме посветени на политичко – дипломатско решавање на руско-украинскиот вооружен конфликт.

Според насоките на Претседателот на Украина, Володимир Зеленскиј, украинската дипломатија во моментов го користи целиот свој дипломатски арсенал за да спречи избувнување на вооружен конфликт. Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба е во постојан контакт со своите колеги со цел координирање на дипломатските напори и преземање на мерки за одржување седници на меѓународни органи, самити, добивање одбранбена помош и примена на строги санкции против Русија.

Понатамошните одлуки и чекори на Руската Федерација во голема мера зависат од реакцијата на светот на денешните настани. Затоа, инсистираме на примена на строги санкции против Русија со цел да се испрати јасен сигнал за недозволивоста на натамошна ескалација. Дојде време за дејствување со цел да се стави крај на агресијата на Русија и да се обноват мирот и стабилноста во Европа.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ