• Latest

Ковачевски: Без родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда

March 8, 2022
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Гаши: До Собранието не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер на Народната банка

May 15, 2025
Фото: скриншот Х

(Видео) Инциденти меѓу демонстранти и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

May 15, 2025

Медиумски takeover ден посветен на важноста на семејството во животот на секое дете

May 15, 2025

Тирана домаќин на европскиот Самит; Ќе присуствуваат 47 лидери од целиот континент

May 15, 2025
Фото: ФБ meKreshnik Bekteshin

Бектеши во куќен притвор

May 15, 2025

Косовските партиски лидери на конултативен состанок кај претседателката Османи

May 15, 2025
Додик/Стевандиќ

Политичка симбиоза во Република Српска: Вето врз одлуките на Претседателството

May 15, 2025
Фото: МИА

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

May 15, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте: Мировните напори меѓу Украина и Русија би можеле да постигнат напредок во рок од 2 недели

May 15, 2025
Фото: скриншот од видео на The Guardian

Израелските воздушни напади убија 40 лица во Газа, додека блокадата за помош продолжува

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Без родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда

March 8, 2022 14:18
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска учествуваа на настанот „Различни приказни, заедничка борба“, организиран во Владата по повод одбележувањето на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

На настанот, како што информираат од Владата, учествуваа повеќе жени од различни сфери на општествениот живот, кои ги споделија своите лични и инспиративни приказни. Кај сите нив, беше видлива хуманоста и храброста која им е заедничка во совладувањето на животните предизвици.

Во своето обраќање, упатувајќи честитки по повод Меѓународниот ден на жената, премиерот Ковачевски подвлече дека овој ден може да се искористи за да се даде гласност на пораките и дека без потполна родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда, а неговата лична заложба е тоа да не е само денеска.

На почетокот на своето обраќање, Премиерот Ковачевски  го честитше 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Денеска е денот кога даваме гласност на пораките дека без потполна родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда! истакна тој и додаде: Она за кое јас се залагам, е тоа одбележување да не е само денеска. Цврсто стојам на ставот дека овие прашања ќе бидат решени само ако им дадеме постојана гласност и видливост – секој ден.

8 Март е секако можност да поразговараме за економската, политичката и социјалната рамноправност на жените, но тој е првиот од 365 дена гласност за која јас силно се залагам.

Како Влада активно работиме да изградиме општество без стереотипи и дискриминација, општество кое е инклузивно и обезбедува еднакви можности за сите. Општество во кое сите заеднички се грижиме и секојдневно ги охрабруваме борбата против родовата нерамноправност, сексизмот и мизогинијата.

Активно работиме за да ги запреме сите видови на неправда во општеството, зашто борбата за правата на жените и девојките е борба за праведно општество.

Минатата година, Република Северна Македонија го донесе Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. За прв пат во овој закон се дефинирани различните форми на насилство врз жените, и за прв пат имаме законско решение кое насилството врз жените и девојките го дефинира како родово базирано насилство.

Ова е прв закон кој дава обврска на институциите да постапуваат со должно внимание при заштита на жени жртви на насилство и семејно насилство.

За првпат во националната легислатива е воведен и клучниот процес за затворање на кругот на насилство врз жени и семејно насилство со реинтеграција на жени жртви на насилство.

Во законот воедно е предвидено и брзо и ефикасно постапување на сите институции во институционален одговор на секаков обид за насилство.

За прв пат досега, законот предвидува и обврска за судовите кои се должни во рок од 24 часа од насилството да донесат одлука за отстранување на сторителот од домот од 10 до 30 дена, како и сет мерки и услуги за привремен престој за жените жртви на семејно насилство, нивните деца, жртвите на  трговија на луѓе и сексуално насилство, каде ќе им биде обезбедена помош и поддршка.

Од сите нас зависи како ќе се спротивставиме на насилството, молкот не е решение, зборувањето, дигањето глас, преземањето мерки и мултидисциплинарниот пристап е вистинскиот пат за искоренување на насилство врз жени, родово базирано и семејно насилство.

Реагиравме и на трендовите на сексуално вознемирување на интернет. Токму затоа во Кривичниот законик ги воведовме како нови кривичните дела „Демнење“ и „сексуално вознемирување“ како одговор на злоупотребата на интернет каналите за комуникација.

Нашите заложби за економско јакнење ги вклучуваат подеднакво и девојките и жените. Ги имаме и првите ветувачки резултати. Северна Македонија е лидер во Европа според бројот на жени истражувачи кои имаат учество од 53% во вкупниот број на истражувачи во државата. Тоа е потврдено во последниот објавен извештај на УНЕСКО.

Северна Македонија е првата земја која не е членка на Европската Унија, а успешно го имплементира проектот Гаранција за млади за брзо вработување веќе четири години по ред. Ова е проект во чиј фокус се млади, невработени лица до 29 години. Со оваа мерка минатата година беа опфатени 19.298 млади невработени лица од кои дури 74,8% се жени.

Со новото зголемување на минималната плата пак им излегуваме во пресрет на вработените во индустријата за текстил, кожа и чевли, во кои најголем процент се жени.

Грантот за руралните жени од мерката „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“ е само една од повеќето мерки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за директна поддршка на индивидуалните земјоделки. Тука се уште и мерките „Млад земјоделец“, како и поддршка за стартување на нов агробизнис.

Продолжуваме во настојувањата за анулирање на разликата во вредноста на трудот меѓу мажите и жените и во секој сектор да обезбедиме девојките и жените да имаат апсолутно еднакво право да напредуваат во нивните работни кариери и да бидат избирани на највисоки работни позиции.

Денеска, со честитките по повод Меѓународниот ден на жената повикувам да не запреме тука. Независни и економски силни жени, со свој силен глас и мислење, со можности за слободен избор и еднаквост, се иднината на нашата држава која нема да толерира дискриминација по ниеден основ.
Само така, заедно создаваме инклузивно, еманципирано и силно општество. Да живее 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, им го честиташе премиерот Ковачевски празникот на жените.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ