• Latest

Министерот Спасовски учествуваше на Панел дискусијата за родовите аспекти и професионалните фактори на стрес во полицијата

March 8, 2022

24 ЧАСА: Пред избори споменици никнуваат како печурки по дожд; Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината, повикува Камбери; Додик без мандат; Виткоф слета во Москва

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Министерот Спасовски учествуваше на Панел дискусијата за родовите аспекти и професионалните фактори на стрес во полицијата

March 8, 2022 14:46
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод меѓународниот празник 8 Март, денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на Панел дискусијата за родовите аспекти и професионалните фактори на стрес во полицијата во Северна Македонија, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за внатрешни работи и Алумните на менторската програма поддржана од ОБСЕ, на која обраќања имаа и шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која, државната секретарка на МВР Магдалена Несторовска, a во име на Секцијата на жени при Македонскиот полициски синдикат излагање имаше и Суза Трајковска, соопштуваат од МВР.

Честитајќи го 8 Март како празник кој претставува симбол на борбата за права и за еднаквост на жените во целиот свет, министерот Спасовски ја нагласи големината на улогата што ја има жената низ годините и цивилизациите, која ги позиционираше како вистински архитекти на модерното општество и додаде: „Вашата интуитивност, епматичност, развиеното чувство на претпазливост и одговорност се само дел од уникатните карактеристики кои ја создаваат додадената вредност што ја имате во работната средина и во општеството во целост. А наша задача како креатори на политики е да се залагаме за економска и социјална рамноправност, за создавање услови за нашите мајки, сопруги и ќерки, за нашите колешки и соработнички полесно да се справуваат со дискриминацијата, насилството и сиромаштијата. И не е тоа парола или уште помалку задача за само еден ден во годината. Од нас се бара континуитет во заложбите, постојаност во барањето одговори на новите потреби“.

Министерот Спасовски посочи дека во МВР во поглед на родовата рамноправност и правичната застапеност многу работи се придвижени во последните неколку години, што резултираше со зголемување на бројот на жени на раководни позиции, вклученост на жени во Одделот за специјални полициски операции, поточно во ЕБР, САЕ „Тигар“ и Хеликоптерската единица, што порано не беше случај, како и со континуирано зголемување на бројот на жени -кандидатки на огласите за полицајци.

„Сето ова е резултат на мерки и активности поврзани со поттикнување на родовата рамноправност што раководството на МВР ги презема од 2018 година, кои се нотирани и во Извештајот за напредокот на состојбата за еднквите можности на жените и мажите. Имено, за првпат беше имплементиран родовиот концепт при подготовка на службениците во Одделот за специјални полициски операции. Сега веќе зборуваме и за родово сензитивна постапка на селекција на кандидати за основна обука на полицаец во МВР, а имплементиравме систем на еднакви можности при стручно усовршување, што подразбира родово разделена евиденција. Се работеше и на подигање на родовата свеста преку менторски програми за родова еднаквост – пракса што поради успешноста е преземена и од другите државни органи“, подвлече министерот Спасовски.

Потенцирајќи дека родовата перспектива е интегрирана во законите, подзаконските акти и интерните акти на МВР, министерот Спасовски го посочи новиот Колективен договор кој стапи на сила од почетокот на оваа година, како прв колективен договор во државната управа, во кој се употребува родовиот речник и терминологија, што е уште еден показател за напорите на МВР за подигање на степенот на родова рамноправност. Меѓу новините усвоени заедно со репрезентативниот Македонски полициски синдикат, кои ќе придонесат за подобрување на материјално-социјалните услови на сите вработени, тој ги спомена наградите за ментори, јубилејната награда за работен стаж од 10 години во МВР, исплатата на средства наменети за храна за оние кои работат ноќе и исплата за домашно дежурство, мерка за која исплатата за месец јануари 2022 за 1.008 колеги во МВР ќе биде реализирана заедно со платата за месец февруари, додавајќи дека како посебна награда за жените вработени во МВР кои ќе се реализираат како мајки, предвиден е паричен надомест за секое новородено дете.

Во однос на наодите и препораките од истражувањето за факторите на стрес во полицијата преку родова перспектива, кои беа презентирани на Панел дискусијата, министерот Спасовски укажа дека со оглед на фактот што оперативниот стрес е во сржта на полициската работа, напорите на раководството на МВР се насочени да го ублажат барем организацискиот стрес, посебно во делот на обезбедување на работна опрема, подобрување на условите за работа и континуираните и специјализирани обуки кои се реализираат и на ниво на МВР и на ниво на БЈБ, а вие ги посочивте како алатки за намалување на работниот стрес.

„Бројката од 70 целосно реконструирани објекти на МВР, за периодот од 2017 до 2021 година, е сериозен показател за одговорниот пристап на ова раководство на МВР кон подобрувањето на условите на вработените, а со тоа и на услугата за граѓаните. Притоа во нив се имплементирани мерки за енергетска ефикасност, со што се создадоа не само квалитетни услови за работа на полициските службеници, туку и поголеми заштеди и заштита на животната средина“, истакна Спасовски, додавајќи дека паралелно со ова набавени се нови униформи и опрема за полицијата, исплатени се трите заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, а за годинава, покрај бонус платата за 2021 веќе е обезбедено зголемување на платата за 5% на сите вработени во МВР.

„Постигнувањето на еднаквоста бара постојаност и упорност од сите нас. Веќе не дискутираме за волја! Таа е обострана, како и желбата да дискутираме на темите за родова еднаквост и недискриминација. Општеството се движи напред само со еманципирани, економски силни и самостални жени и девојки и ќе продолжиме да работиме на тоа. Само така, со заеднички заложби и учество во овие процеси ќе го зајакнеме општеството на еднакви граѓани и граѓанки по сите основи“, порача министерот Спасовски на крајот на своето обраќање.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ