• Latest

Ковачевски: Поддршката на децата во раните образовни фази е влог за нивната и иднината на општеството

March 9, 2022
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Најмалку 5 лица убиени во терористички напад врз автобуска станица во Ерусалим

September 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп тврди дека е подготвен за „втора фаза“ од санкциите против Русија, ќе разговара со Путин „многу наскоро“

September 8, 2025

Уште 7 дена за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи, крајниот рок е 15 септември

September 8, 2025
Фото: МНР на Украина/ Х

Честитки од МНР на Украина по повод Денот на независноста

September 8, 2025
Војо Маневски

Зошто се злоупотребуваат тајните служби?

September 8, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Зависна независност

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео

Одбележување на 34-годишнината на Денот на независноста – „Од сон до реалност, за вечност“

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Израелскиот врховен суд пресуди: Палестинските затвореници не добиваат соодветна храна

September 8, 2025

Руската хибридна војна против Европа (1): Европа конечно признава дека е нападната

September 8, 2025

Владата ја пушти „втората рата“ од 17 километри од делницата Кичево – Охрид

September 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Ковачевски: Поддршката на децата во раните образовни фази е влог за нивната и иднината на општеството

March 9, 2022 14:38
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Димитар Ковачевски денеска учествуваше и се обрати на дводневната конференција „Врската меѓу добросостојбата и училишните постигнувања кај учениците“, која денеска и утре се одржува во Скопје, како заедничка иницијатива на Владата на Република Северна Македонија, Британската амбасада во Скопје, Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), соопштија од прес службата на Владата.

На свеченото отворање на конференцијата, покрај премиерот Ковачевски, се обратија и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј и претставничката на УНИЦЕФ во нашата земја Патриција Ди Џовани.Претседателот на Владата Ковачевски истакнувајќи дека за него од аспект на родител и професор од исклучителна важност е добросостојбата на учениците и студентите во текот на нивното образование, а од гледна точка како премиер смета дека конференцијата ќе придонесе за сериозни сознанија и препораки, кои се добредојдени во креирањето на социјалните политики за децата во образовниот процес и на синергијата на тие политики низ програмите на ресорните министерства, за труд и социјална политика и за образование и наука.

„Сите деца, без исклучок, го заслужуваат најдобриот можен почеток во животот. Првите средини кои што им го овозможуваат се пријателските воспитни и образовни институции. Докажано е дека децата коишто растат во поттикнувачка домашна средина и кои имаат шанса за организирани програми во предучилишното и првостепеното образование, постигнуваат подобри резултати и имаат подобри перспективи во животот“, оцени премиерот Ковачевски подвлекувајќи дека наша одговорност е да обезбедиме солиден социјален и емоционален развој во раните години на децата, кои подоцна во зрелоста ќе станат еманципирани граѓани, првенствено за себе, а потоа и за својата заедница.

Посочувајќи го значењето на училиштата како социјални средини каде децата ги  градат своите карактери и стекнуваат независност, развивајќи значајни релации меѓу себе и наставниците, Премиерот покрај академското и формално знаење ја оцени и потребата од квалитетни вонпрограмски курикулуми за демократија, за еднаквост, за социјална правда, критичка анализа, важни за улогата на граѓаните во преземање акции за позитивни промени.

„Затоа беше многу важна и одлуката за повторното отворање на училиштата за настава со физичко присуство. Јас, пред започнувањето на конференцијата, имав состанок со претставничката на УНИЦЕФ и таа изрази задоволство дека при носењето на одлуките на Владата, секогаш се водиме од препораките на Комисијата за заразни болести и секако од препораките на УНИЦЕФ како организација која има голем број емпириски студии на располагање, особено во областа на децата и нивниот воспитно-образовен процес“, посочи Ковачевски.

Тој додаде дека поддршката што ја даваме на децата во текот на нивниот развој е најголемата инвестиција и влог за нивна посигурна и попросперитетна иднина и за иднината на општеството.

Посакувајќи успешна работа, премиерот Ковачевски повтори дека учесниците на конференцијата „Врската меѓу добросостојбата и училишните постигнувања кај учениците“ ќе биде од голема помош и добробит при унапредувањето на образовниот систем.

На конференцијата учествуваат експерти за образование од регионот и пошироко споделувајќи искуства и податоци за најновите сознанија во областа на социо-емоционалното учење во раното детство и растечката важност на технологијата и дигиталните вештини, во насока на нивното поврзување со целокупната добросостојба на учениците и менталното здравје.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска со своето обраќање го отвори блокот дискусии за значењето на предучилишното образование, потребата од холистичкиот развој во детството и растечката важност на социо-емоционалното учење во раното детство.

На вториот ден од конференцијата, утре, предвидено е да се обрати и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој ќе ја отвори сесијата која опфаќа дискусии за тоа како образовниот систем да поттикнува иновација, конкурентност и напредок, истовремено негувајќи солидарност и добросостојба.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Зависна независност

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ