• Latest

Гир: Сакаме да видиме отворање на преговорите со Скопје и Тирана што е можно поскоро

March 23, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гир: Сакаме да видиме отворање на преговорите со Скопје и Тирана што е можно поскоро

March 23, 2022 14:40
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ја реафирмираше позицијата на Унијата дека посакува што е можно поскоро отворање на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, пренесува МИА.

– Јасно е дека ние сакаме да видиме отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро. Ние ги поздравуваме напорите на Скопје и Софија за решавање на билатералните прашања за тоа се случи набрзо и ние ги охрабруваме да продолжат со овие напори. Се надеваме дека тоа ќе се случи што поскоро или за време на француското претседателство, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир по обраќањето на конференцијата „ЕУ за општините“, запрашан за коментар за откажаната посета на шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска на Скопје, која беше најавена за денеска и утре, а во контекст на процесот на проширување и безбедносната конотација што ја добива со кризата во Украина.

На прашањето дали откажаната посета на Генчовска ќе се рефлектирта на односите со Софија и преговорите за надминување на билатералните прашања, министерот за локална самоуправа, Горан Милески рече дека тоа е прашање за шефот на дипломатијата Бујар Османи, но тој смета дека работите на релација со Софија се одвиваат во добар правец.

– Политичкиот дел го води МНР и јас не знам кои се причините за откажувањето на посетата дали е тоа од политичка природа или некоја лична спреченост. Но, во тој дел тоа треба да го каже министерот Османи, бидејќи ние немаме детали на Влада што се преговара во политичкиот дел. Меѓутоа моја оценка е дека работите одат во позитивна насока. Јас сум оптимист дека ќе се постигне договор, бидејќи гледате дека и условите на Бугарија се прилагодуваат на денешницата, бидејќи се бара заштита на бугарското малцинство во Македонија, нема некои прашања кои што го поврзуваат јазикот или историски прашања гледаме дека не се на дневен ред. И тоа е добро, рече Милевски.

Според него, не може преку ноќ да се смени мислењето во Бугарија, меѓутоа смета дека двете влади работат добро на прашањето на затополување на односите и деблокирање на процесот.

– Видовме колку е многу важно да нема некои проблематични точки во Европа кои што може да предизвикаат криза што понатаму би се рефлектирале врз цела Европа. И затоа и влезот во НАТО е нешто позитивно кое што го направи оваа Влада и се надевам дека ќе се надминат проблемите со Бугарија и час поскоро во оваа прва половина за време на француското претседателство ние ќе ги започнеме преговорите, потенцира Милевски.

 

Тој додаде дека оптимизмот го темели и на решителноста на бугарскиот премиер да се справува со проблемите.

– Решителноста на премиерот на Бугарија која ја декларира во последниот период не само со разрешувањето на нивниот министер кој што одби да ја прогласи инвазијата на Русија кон Украина како таква, апсењето на поранешниот премиер и сите други чекори кои што ги прави, кај мене влеваат надеж дека пресекува работи и дека и овој проблем со Македонија решително ќе го пресече, меѓутоа за тоа треба да изнајдеме заедничко решение. Ние заедно со министерот Бочварски работиме во делот на транспортот, комуникациите, поврзувањето, регионалниот развој и навистина можам да кажам тоа е една успешна соработка. Дел од таа соработка е успешната посета на нашите градоначалници во Бугарија, и ќе има повратна посета на нивните на нашата држава, рече министерот Милевски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ