• Latest

Викенд на гордоста по четврти пат во Скопје

June 19, 2016

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Викенд на гордоста по четврти пат во Скопје

June 19, 2016 14:02
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од 23 до 26 јуи во Скопје ќе се одржи „Викенд на гордоста“, чија носечка идеја е солидарноста, како политичка, социјална и етичка позиција

Идната недела, од 23 до 26 јуни, во Скопје по четврти пат ќе се одржи  „Викенд на гордоста“, манифестацијата во организација на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и на ЛГБТИ – Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет.

„Носечката парадигма на овој настан е квир парадигмата. Да се биде квир е многу повеќе од сексуалноста и родовоста кои може да се идентификуваат. Квир, или настраноста, означува начин на живот, уметност на стилизација на сопствениот и колективниот живот, политичка алатка и став кои се спротиставуваат на доминатните модели на знаење и моќ, преку кои се оркестрираат сексуалните и родовите идентитети како ’нормални’ и ’девијантни’, односно ’настрани’“,“ се вели во најавата на организаторите за настанот.

Организаторите посочуваат дека носечката идеја зад овогодишниот „Викенд на гордоста“ е солидарноста, како политичка, социјална и етичка позиција која овозможува да се градат алијанси и колективи на отпор отаде органичувачките идентитетски позиции и исклучувачки групни интереси, без притоа да се нивелираат спецификите на различните проживеани искуства на опресија и исклучување.

Во просториите на поранешното кино „Култура“ во Скопје, од идниот четврток до недела, ќе се одржуваат дебати, предавања и различни перформанси. Партнери на овогодишната манифестација се Младинскиот образовен форум – МОФ и Кино Култура (Локомотива).

Манифестацијата е поддржана од амбасадите на САД и на Франција.

Tags: Викенд на гордостаМакедонијаСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ