• Latest
Војо Маневски

Електро стрес

March 28, 2022
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Електро стрес

March 28, 2022 10:42
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Живееме во време кое е редица на стресови и мали интервали меѓу нив. Веројатно сами сме криви за тоа и по сѐ изгледа потрошувачкиот  начин на живот си го зема данокот. Еден мој пријател бара начин да се откаже од користењето на мобилниот телефон.

„Секое ѕвонење на телефонот ми прави стрес и затоа решив да си воведам време на користење на телефонот. Некаде после утринското кафе проверувам кој ме барал и доколку е благонадежен барателот за разговор се јавувам. Кога ќе завршам го ставам телефонот во звучно мирување и се заштитувам до утре. И онака ако е нешто премногу итно ќе ме најде тој што толку ме бара, а ако не е итно зошто би си приредувал стресови во текот на денот“.

Вреди да се разгледа овој став како одбранбен штит од сѐ поголемото заземање на приватноста на луѓето денес. Каде и да си, достапен си на секого во секое време. Тоа некако ќе може да го изменаџираме, ама недостатокот на струја и нејзината цена ќе нѐ стави пред големи проблеми. Брате мили се навикнавме да ни е светло во секоја просторија и кога не сме во неа. Улиците ни се осветлени, а ако не се, се лутиме што мора да одиме по темница. Веројатно да нѐ не изненади нешто во темнината и  го зголемиме списокот на стресови кои ги редиме секојдневно. Тоа е добивка на современиот живот, ама од стрес нема спас. Дрва, цепење, палeње, чадење, сето тоа го заменивме со далечински и постојана климатизација на просториите каде живееме. Сѐ е тоа добро, но штом дојде сметката за електрична енергија стресовите се нижат како алка на ѓерданот. Броиш колку цифри има и си препорачуваш адекватна терапија. Или молчиш десетина минути или експлодираш со спомнување на блиски и подалечни роднини на ЕВН и актуелните политичари. Пцостите кон нив се нормално продолжување на терапијата за преживување на стресот. Барем некоја корист од политичарите на здравствен план.

Деновиве читам дека ќе се донеле закони со кои секое домаќинство што има погоден кров ќе може да си инсталира фотоволтаични панели и ќе си произведува струја за себе. Вишокот ќе го продава на електро системот и ќе си ги плаќа сметките за струја, кога нема да има сонце. Веднаш се почувствував посмирено, некои од стресовите ќе ги тргнам од списокот. Обилно консултирам стручна литература и ги разгледувам сите опции. Првото што го прочитав е дека треба кровот да е погоден и стабилен. Да е свртен кон југ или да се користи таа негова страна. Овде веќе сме дефицитарни не ни се сите кровови свртени кон сите страни. Ќе мора да се користи четвртина од кровот. Сега гледам дека старите наши биле визионери. Правеле куќи со кровови на четири води. Една секако е на југ. Превенција на стресови си помислив во духот на денешниот речник. Црвот ме јаде да ги разгледам сите опции за да бидам подготвен на сѐ, а посебно дали и таа четвртина ќе биде доволна. Куќите не ни се со иста висина и некоја повисока ја затскрива пониската. И ако е на југ проблемот е евидентен. Ќе мора да се започнат компликувани процеси за докажување на узурпираноста на сонцето меѓу соседите. Покрај граѓанскиот спор ќе се јави и спор со природата. Кај равничарските градови тоа ќе е помал проблем, ама кај Штип, Велес или Кратово тоа може да е непремостив проблем. Ако имаш потенцијален кров во Прцорек сончевата светлост ќе ти доаѓа во процент како довербата во македонското правосудство. Околу седум проценти. Ако си лоциран во Штипско Кадидере, Клиси баир го зафаќа целиот јужен хоризонт и не ти помага ниту пресудата на европскиот суд. На југ правата ти се нарушени и нема ништо од производство на струја. Тополите почнав да ги жалам и да им предвидувам загрозен вид пред истребување. Ако се извишени на јужниот дел на куќата да си знаат дека стојат на патот на напредокот и ќе си „заминуваат“ сосе историјата за нив.

Ако тие препреки се надминат и некако се монтираат панелите на соодветниот кров, крајот на стресната постапка не е завршен. Потребна е просторија за акумулатори, регулатори, релеи и останата технологија нужна за функционирање на системот. Струјата не е за играње со неа и некој од шпајзовите ќе мора да си ја пренамени функцијата. До душа подолго време и не си ја вршат одредената им обврска, зошто младите домаќини не прават зимница? Киселата зелка е во изумирање како домашен декор во подрумите зошто „сѐ има во маркетите“. Од стрес нема спас ако војната во Украина се одолжи. Ако во шпајзовите се акумулаторите, легализираните шупи ќе мора да помогнат и да ја преземат нивната улога. Количините на зејтин и макарони што се купуваат ќе мора да се складираат некаде. Ако кризата продолжи веројатно ќе се врати на цена рецептот на постарите за подготвување на зимница. Во маркетите има сѐ, ама купувало ќе снема.

Нешто не разбрав во предложените законски решенија за инсталирање на соларни панели. Ќе може ли вишокот на струја да го делам со соседот, кој во случајов ми е близок роднина? Сѐ останува во фамилијата е според нашата традиција. Ако тој нема кров со страна на југ, а јас имам и треба да си помагаме. Оваа може да е инвестиција во нови стресови, зошто кога ќе дојде време да се пресметуваме веројатноста од кавга е голема „а тие сто киловати што ти ги дадов во јануари ги пресметуваш ли“. Варијации на таа тема има колку сакаш. А и не е праведно златна кавга да растуриме кога веќе се навикнавме на стресови. Една добра расправија може да се стави во списокот на вентили за надминување на стресната состојба.

Затоа треба да се разгледаат сите страни на предлогот пред да се пристапи кон негова реализација. Секој има своја сметка се вели дури и со информатичкиот јазик.

Секоја појава има и добра страна велат филозофите. Соодносот меѓу доброто и лошото кај нас одамна е нарушен, ама вреди да се спомене ако ништо друго, кога замислувам како ќе ми изгледа родниот град кога ќе се качам на Исарот. Место црвени керамиди од разни времиња и производители се белее стаклен кров на секоја куќа. Како Кочанско поле кога оризовите ниви се полни со вода. Светлоста цел ден си игра со панелите и прави божилак над градот, милина една. Гледаш и не ти се верува дека тоа е Штип, а изгледа како футуристичка слика од иднината. По пат го сретнуваш инкасаторот на ЕВН и таман да му се насмееш злобно со констатацијата дека го нема одамна да намине, телефонот ти ѕвони:

– Каде си ти, каде се шеташ?

– На Исарот, гледам како изгледа грaдот со панели на крововите.

– Ти нормален ли си, има кој треба да го гледа, сто работи останаа дома.

Од стрес нема спас, ма колку и да ни помага новата технологија. Освен ако потполно нѐ не замени. Ете ми причина за нов стрес.

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ