• Latest

ССМ: На 1 Мај протест за линеарно зголемување на сите плати од 2.806 денари

April 8, 2022
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ССМ: На 1 Мај протест за линеарно зголемување на сите плати од 2.806 денари

April 8, 2022 14:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) одлучи наместо марш, на 1 Мај да организира масовен протест со кој ќе се изрази револт од незголемување на останатите плати со порастот на минималната плата, која од овој месец  се зголемува од 15.200 на 18.000 денари. Претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција рече дека се отворени за дијалог, а другата страна како социјален партнер нека ги покани, како што рече, да го решат проблемот, пренесува МИА.

– А тоа е многу едноставно – 2.806 денари нето-износ линеарно зголемување на сите плати од 1 мај, вклучително од општиот работник до претседателот на државата. Со ова ССМ докажува дека е доследен на неговото барање. Ги повикуваме и сите останати конфедерации, унии, синдикати, незадоволни работници, пензионери, да се придружат на првомајскиот протест. На 1 Мај борбата ќе биде на улица, а не на плажите и на ски-центрите на планините. Ние, работниците, да ја сфатиме сериозно оваа порака – да излеземе на 1 Мај и да ги оствариме нашите права. Денеска е објавена синдикалната минимална потрошувачка кошничка  која изнесува 36.786 денари, порасната е за 922 денара зашто во јануари таа изнесуваше 35.811 денари. Дали ова кажува дека е неопходно и што побрзо зголемување на сите останати плати, истакна Димовски.

Ги повика сите синдикати, конфедерации и унии да се приклучат на нивното барање кое, рече, е фер решение за сите три социјални партнери. Не ја исклучува можноста, протестот да прерасне во генерален семасовен штрајк доколку Владата и работодавците во јавниот и во приватниот сектор не одговорат на нивното барање. Генерален штрајк ќе значи, рече Димовски, сите синдикати кои се во ССМ и онаму каде што имаат членови да прекинат со процесот на работа во работното време.

– 1 Мај се паѓа во продолжен викенд, но уште поубаво е сите да земеме зголемени плати. Се соочуваме со секакви криви – енергетска, економска, воена, уште ја имаме и КОВИД-кризата. Светот е погоден од голема рецесија и  инфлација, но тоа не значи дека доколку се покачат платите дека ќе настане инфлација. Бидејќи знаеме дека цените на основните производи се ограничени, маржите се ограничени, даноците на производите се намалени и дојде време во ова невреме и на работникот да му се излезе во пресрет, додаде Димовски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ