• Latest

Ајро и Бубевски: Ги отфрламе како невистинити сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за „Труст“

April 11, 2022
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Ајро и Бубевски: Ги отфрламе како невистинити сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за „Труст“

April 11, 2022 19:59
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот обвинител Артан Ајро и основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски ​во писмена изјава целосно ги отфрлаат како невистинити сите наводи во кривичната пријава поднесена од Државното правобранителство, а која се однесува на постапката за конфискација на имотот во предметот „Труст“, пренесува МИА.

-Во предметот „Труст“, во кој постапувавме како надлежни јавни обвинители, ги презедовме сите мерки и активности во наша надлежност. Задача на обвинителството е да ја лоцира имотната корист, да побара од судот нејзино замрзнување и на крајот на судската постапка да предложи нејзина конфискација. Согласно член 202 став 11 и член 541 став 5 од Законот за кривична постапка, сите дејствија врз имотот и предметите што се предмет на обезбедување, а кои се преземени по поднесувањето на барањето за привремена мерка, како што е во овој случај, се ништовни. Постапката за заштита на имотните интереси на државата надвор од кривичниот прогон е во надлежност на Државното правобранителство, посочуваат обвинителите Ајро и Бубевски.

Во стечајната постапка поведена меѓу првостепената и второстепената пресуда во предметот, согласно член 89 од Законот за стечај, „секој доверител може да оспори побарување на друг доверител доколку поднесе посебен приговор“, согласно условите наведени во законот.

-Во конкретната стечајната постапка доверител е државата, а нејзин застапник за имотните интереси е Државното правобранителство. Јавното обвинителство по ниту еден основ не се појавува како доверител во стечајната постапка, ниту е известено за нејзиниот исход. Тоа впрочем е истакнато и во решението на стечајниот судија, кој во текот на постапката му предочил на државниот правобранител дека дел од имотот кој е предмет на стечајно побарување е предмет на конфискација со правосилна пресуда. Но и покрај укажувањето, државниот правобранител не ги заштитил имотните интереси на државата. На крајот на судската постапка во предметот „Труст“ обвинителството, согласно своите надлежности, побара конфискација на имотот и по правосилноста на пресудата тој имот е запишан на име на Република Северна Македонија. Имотот што е предмет на конфискација постои и неговото впаричување не е оневозможено.

Како јавни обвинители, уверени сме дека проверката на наводите во кривичната пријава од Државното правобранителство ќе резултира со утврдување на релевантни факти од кои ќе се утврди нашето постапување согласно закон. Исто така, уверени сме дека со целосно расчистување на овој случај, јавноста ќе добие увид во вистинските причини и мотиви за нападот врз нас како јавни обвинители кои постапуваа по предметот. Посочуваме дека институциите треба да соработуваат и да работат во интерес на граѓаните и на државата, а не со неосновани напади да го затскриваат сопственото непостапување.

Во досегашното наше работење одлучно се залагаме за транспарентност во постапувањето и за отворена директна комуникација со медиумите. Затоа, изразуваме разочарување за одлуката на уредувачкиот тим на емисијата „КОД“, емитувана на 10.04.2022 (недела), еднострано да го презентира комплексниот предмет поврзан со конфискацијата во „Труст“, без притоа воопшто да ни даде можност нам, како надлежни јавни обвинители за случајот, да ги изложиме нашите аргументи. Со тоа, јавноста нецелосно е информирана, а основа за емисијата е кривичната пријава доставена на 08.04.2022 (петок) и по која во времето на емитување на емисијата сѐ уште не бил отворен предмет во Јавното обвинителство. Во емисијата прекршен е принципот на пресумпција на невиност, а изнесените еднострани наводи и констатации се шпекулации.

Нашето постапување е законито и очекуваме дека во постапката ќе се утврдат битните факти и околности за донесување соодветна одлука, а особено дали со поднесената кривична пријава се врши кривично дело лажно пријавување. Остануваме отворени и транспарентни за медиумите за да може јавноста да ги добие точните информации, стои во писмената изјава на јавните обвинители Ајро и Бубевски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ