• Latest

СОНК бара прифатлив предлог за платите, Владата отворена за безусловен дијалог

April 13, 2022
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

СОНК бара прифатлив предлог за платите, Владата отворена за безусловен дијалог

April 13, 2022 08:39
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вториот ден од генералниот штрајк во училиштата и градинките помина без состанок меѓу СОНК и претставници на Владата. Според најавите од двете страни во понеделникот, средба деновиве ќе има во обид да се постигне решение за барањето на Синдикатот, пренесува МИА.

СОНК не отстапува платите на вработените во дејностите образование и детска заштита веднаш да бидат зголемени за 18,4 отсто согласно со порастот на минималната плата која од овој месец е 18.000 денари и, дополнително, таа да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков вчера соопшти дека од Владата очекуваат покана за работна средба на која повторно ќе ги изнесат своите аргументи за издржаноста на нивното барање. Се надева дека ресорните министерства или Владата ќе излезат со конкретен предлог за зголемување на платите кој ќе биде прифатлив од мнозинството негови членови.

-Со тоа би се донело, во најкраток можен рок, одлука за прекин на штрајкот и продолжување на нормалниот тек на воспитно-образовниот процес, објави Неделков на Фејсбук, кој за текот на вториот ден од штрајкот информираше дека не биле регистрирани посериозни проблеми или притисоци врз штрајкувачите.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, порача дека се отворени за дијалог за раст на платите кој нема да биде условен од штрајкови и незадоволства. На својот фејсбук-профил претседателот на Владата напиша дека го охрабрува Синдикатот да го продолжи дијалогот за трајно решение преку заеднички утврден модел за раст на платите.

– Отворени сме за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Во таа насока, го охрабрувам синдикатот да го продолжи дијалогот и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите преку заеднички утврден модел, напиша Ковачевски.

Владата во соопштение го повика синдикатот  заедно да најдат модел за раст кој, како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот, укажувајќи дека барањата треба да бидат реални и да произлегуваат од чувството кое го налага моментот.

– Растот на платите за вработените во образование и во градинките е во времето на оваа Влада и колективниот договор потпишан 2019 година во јуни. Дебатата за новиот колективен договор е шанса за трајно решавање на континуираниот раст на платите, наведе Владата информирајќи дека платите на вработените во образованието и во детската заштита во периодот од 2017 до 2022 година се зголемени за 21 процент.

Платата на наставник во основно  образование, соопшти Владата, е зголемена за 3.267 денари, а во средно образование за 4.353 денари, заедно со додатокот за минат труд, и дека сега добиваат плата 24.786 денари во основно и 25.642 денари во средно.

Со воведувањето на новата методологија за пресметка, посочи Владата, од 2017 до 2020 е постигнато најголемо зголемување на платите на вработените во градинките. Разликата во платата за негувателите сега, во споредба пред пет години, е 5.067 денари, а воспитувачите во однос на  2017 година, сега добиваат за 6.442 денари повисока плата, заедно со  додатокот за минат труд.

СОНК  ја одби поддршката за штрајк што му ја понуди Прогресивниот синдикат на образование (ПРО) доколку се согласи со нивното барање за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за најмалку  2.800 денари нето износ кое, според овој синдикат кој е во состав на Сојузот на синдикати на Македонија (СММ), е најодржливо решение. ПРО при ССМ бара со Законот за наставници и стручни соработници да се регулира идното зголемување на платите во образованието процентуално, согласно зголемувањето на минималната плата.

– Доколку СОНК го поддржи ова наше барање, ние ќе се приклучиме официјално кон штрајкот, а, се разбира, ССМ веќе соопшти дека ги става на располагање своите капацитети во насока на спроведување на активностите кои ги преземаат синдикатите за зголемување на платите за најмалку 2.800 денари во нето износ за сите вработени, вклучително и просветните работници, соопшти ПРО.

СОНК во реакција, во која нагласи дека  „не е етички синдикат да условува друг синдикат за давање поддршка во период на генерален штрајк“,  одговори дека за неговите членови е неприфатливо зголемување на платите линеарно. Останува на ставот дека вреднувањето на трудот и зголемувањето на платите треба да биде во согласност со колективните договори за што, пак, доби поддршка од Независниот академски синдикат (НАкС).

Овој синдикат во соопштение укажа дека со порастот на минималецот, нужно е зголемување на платите за сите вработени, вклучително и за вработените во високото образование и науката, со цел, како што посочи, „да се избегне изедначување на надоместокот што го добиваат вработените што вршат работа со различна сложеност или различен степен на образование“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ