• Latest

Тренчевска-Галовеј: Продолжуваат добрите пријателски односи и поддршката од Обединетото кралство за земјава

April 13, 2022
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тренчевска-Галовеј: Продолжуваат добрите пријателски односи и поддршката од Обединетото кралство за земјава

April 13, 2022 15:23
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја Рејчел Галовеј, со која разговараше за досегашните и тековни активности на Министерството и соработката и поддршката од страна на Британската амбасада во нашата држава, пренесува МИА.

-На средбата се разговараше за процесот на деинституционализација, на децата без родители и лицата со попреченост. Министерката информираше дека повеќе ниту едно дете под 18 години не е сместено во институција туку во групен дом со 24 часовна грижа од стручен тим. Тече и процесот на преселба на лицата со попреченост, преку отворање на нови групни домови, во услови налик семејните, информираат од МТСП.

Тренчевска на средбата истакнала дека во насока на обезбедување на поголема поддршка на згрижувачките семејства и  подигнување на  свеста за нивното значење се и отворањето на двата Центри за поддршка на згрижувачки семејства во Скопје и Битола. При што беше истакната поддршката од страна на УНИЦЕФ.

На средбата се разговарало и за воспоставувањето и развојот на социјалните сервиси на локално ниво.

-Само изминатата година потпишавме договори со 22 општини, наскоро ќе биде објавен нов јавен повик, за вклучување и на останатите општини. Ги приближуваме социјалните услуги до граѓаните, во нивното место на живеење, рекла Тренчевска.

Таа истакнала дека Министерството работи и на изработка на Национален регистар на лица со попреченост, како и на Закон за вработување на лица со попреченост, кој ќе понуди нова перспектива и  професионална рехабилитација.

Тренчевска потенцирала дека родовата еднаквост е високо на агендата на приоритети на МТСП. Притоа, информирала дека, Стратегијата за родова еднаквост наскоро влегува во собраниска процедура, а министерството активно работи и на нов Закон за родова еднаквост, кој до крајот на следниот месец ќе ја има драфт верзијата, за која ќе биде отворена широка јавна дебата. Подобрување на механизмите за родова еднаквост на национално и на локално ниво, како и ефикасно функционирање на Ресурсниот центар за креирање на  политики и родово одговорно буџетирање се очекувањата од ова законско решение.

-Амбасадорката Галовеј уште еднаш ја потврди поддршката за процесот на деинституционализација и дизајнирање на услуги засновани на потребите на заедницата, а се со цел децата и семејствата да ја добијат поддршката која им е потребна. Продолжува и поддршката на политиките во детската заштита односно детските градинки и зајакнување на капацитетите на вработените во нив, преку заедничките проекти кои се спроведуваат, се вели во соопштението од МТСП.

Двете соговорнички изразиле подготвеност за продолжување на добрата соработка и пријателство меѓу двете држави и институционална соработка и продолжување на тековните и идни заеднички проекти.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ