• Latest

Тренчевска: Владата понуди системско решение за постојан раст на платите, кое нема да зависи од моментална власт и штрајкови

April 19, 2022
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

August 27, 2025

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Тренчевска: Владата понуди системско решение за постојан раст на платите, кое нема да зависи од моментална власт и штрајкови

April 19, 2022 11:57
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во  емисијата „Утрински брифинг“ во врска со штрајкот организиран од СОНК, информираше дека од  вкупно 75 јавни установи во 29 нема штрајк, вработените се на своите работни места и згрижувачко-воспитниот процес се одвива непречено. Во останатите градинки штрајкуваат дел од вработените, но градинките функционираат.

Таа посочи дека тоа што втора недела учениците не се во училиштата, а дел од децата не се во градинките, и воедно одбивањето на зголемувањето од 10% на платите на вработените во училиштата и градинките е потврда дека интересите на децата не се земаат предвид, туку се работи за лични интереси на СОНК.

Во врска со исплатата на плати во време на штрајк, министерката истакна дека правото на штрајк е загарантирано со Законот за работни односи и Колективните договори.

„Колективниот договор за детска заштита е јасен и дециден во делот на исплатата на придонесите и платата  за време на штрајк. Придонесите ги исплаќа работодавачот, во висина на најниската основица за исплата на придонеси, додека нето плата на вработените во штрајк може да ја исплати организаторот на штрајкот-СОНК. Законот ја дава можноста, а прашањето е дали СОНК ќе им ја исплати платата на вработените,“  рече Тренчевска.

Таа посочи дека во врска со Колективниот договор на образование, согласно член 54, за кои во јавноста се зборува, погрешно се информира јавноста. Според неа членот 54 упатува на тоа дека државата исплаќа плати во услови на штрајк кога причината е прекршување на работничките права. Во овој случај не се работи за прекршување на работнички права , туку барање за унапредување на работнички права.

Таа се осврна и на Законот за минимална плата, според кој колективните договори се усогласуваат за време од шест месеци. Таа појасни дека неможе да стане збор за прекршување на работнички права, бидејќи рокот од  шест месеци  не е поминат. А според барањето на СОНК, се бара унапредување на работничките права.

„Владата го понуди најдоброто решение во моментов. Зголемување на платите за 10% со ребаланс на Буџетот и отворање на преговори за нов општ Колективен договор, каде што ќе биде вклучена нова методологија која ќе значи постојан раст на платите, а врз основа на општиот колективен договор ќе ги усогласуваме гранските колективни договори. Секоја година усогласување со порастот на трошоците за живот и  порастот на просечната плата, што е системско решение за ова прашање,“ потенцираше Тренчевска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ