• Latest

Панел на ЦИВИЛ за младите, европските вредности и приоритетите на младиниските политики

April 20, 2022
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Панел на ЦИВИЛ за младите, европските вредности и приоритетите на младиниските политики

April 20, 2022 13:10
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е панелот на ЦИВИЛ „Европските вредности кај младите: Правци и беспаќа“, на кој се зборува за за младите и европските вредности, еднаквата основа за развој во различни сфери и аспекти, како што е застапувањето, образованието, вработувањата…

Учесници на панелот се Бленди Ходаи, поранешен претседател на Сојуз на студенти, Веса Синани, средношколшка и активистка и Мустафа Јакупов, од „РеРома“ од Кратово.

Бленди Ходаи вели дека покрај тоа што на наставниците им е навистина потребна поголема плата, на учениците им е потребно квалитетно образование.

„Се разбира дека правото на образование е уставно право, и право од човековите права на Обединетите нации,  но треба да се разберат и потребите на наставниците и професорите затоа што платите на професорите во Македонија се најниските во регионот. И очигледно е дека тие имаат право на револт и  да бараат повисоки плати, што ќе им обезбеди подобро вршење на работата. Но, исто така е важно учениците да не губат од наставата и од предавањата. Тоа што сакам да посочам дополнително за протестот од страна на наставниот кадар е тоа што, за жал, ако гледаме во изминатите години, и до ден денеска, СОНК како  работеше, е тоа што секогаш протестираат за повисоки плати, тие никогаш не протестираат за повисок квалитет во образованието. Ние треба да разговараме, заедно со младите, да се бориме за поквалитетен образовен систем, а не само за повисоки плати, затоа што е важно какви кадри ќе излезат од основното и од средното образование, кои ќе се вклучат во високото образование. Тука треба да бидат вклучени сите актери, од ученици до наставници, за потоа да има поквалитетен кадар кој е потребен на пазарот на трудот, посочи Ходаи.

Веса Синани, средношколка и активистка

„Мислам дека моменталните протести многу лошо влијаат кај младите бидејќи немаме никаква поддршка од професорите за ние гимназистите кои сме во четврта година и ќе имаме матурски испит, а немаме време да учиме и да се подготвиме за нив. Ние младите најмногу настрадавме во ситуацијата со Ковид-19, а веќе и две недели не сме во училиште и тоа влијае многу лошо на нас. Мислам дека професорите треба да се борат за поефикасно образование и да ни помогнат за градење на подобра иднина“, изјави Веса Синани на прашањето за протестите на СОНК.

Мустафа Јакупов, од РеРома

Работиме на подобрување на младинските политики кај младата ромска популација за учество во креирање на истите политики што ги засегаат нив. Во моментот имаме и студиска сесија во Будимпешта заедно со Националниот младински совет. Цела година, исто така, работевме на следење на говорот на омраза кон ромската заедница на социјалните мрежи и имавме пет врснички едукатори коишто покрај мониторинг и репортирање на говорот на омраза  вршеа и едукација на млади, односно што е говорот на омраза, што е „антициганизмот“ и како се манифестира во нашето општество. Заклучокот е дека има пораст на говор на омраза. Можеби и поделбата на наши и ваши, про Русија, про Украина, на Роми и не-Роми…, но тоа што конкретно го работевме е креирање на дата база, следевме дел од случаите кои понатаму ќе бидат процесуирани до соодветните институции. Она што можам да го заклучам иако постои во законската регулатива казнување за говор на омраза и ширењето на истата, праксата сѐ уште е слабо развиена“, изјави Јакупов.

Синани имала желба да замине во странство мисјелќи дека таму ќе има подобри услови, но по разговор со татко и се предомислила.

Многу сакав да одам некаде во странство, но имав една дискусија со татко ми  и тој ми рече дека тука имам повеќе можности. Како млада девојка треба да останам тука и да работам за другите млади. Сакам да студирам медицина на УКИМ и мислам дека е тоа една добра можност да покажам дека и тука може да се постигне нешто. Знам дека младите немаат големи можности тука, но оние што ги имаме треба да ги искористиме и да ги вреднуваме, објасни Синани.

Јакупов зборуваше и за причините зошто младите сакаат да учат во странство.

Проблемите на младите во Македонија генерално се исти, но социјалниот контекст во кој се туркаат одредени млади, допринесува да се размислува да се напушти државата. Ако ги немаат егзистенцијаните и социјалните услови тогаш зошто би живееле во ваква држава. Има и други причини, партиското вработување на пример  или да речеме стандардите поврзани со здравство, квалитетното образование на младите. На пример, зборуваме за инклузивно образование, а сѐ уште ромските деца се последните во клупите, уште се гледа на нив како да имаат посебни потреби, дека се гласни, зависни, ги сместуваме во специјални училишта итн. Инклузивното образование треба да е инклузивно за сите, а тоа значи дека професорите треба да се инклузивни, вели Јакупов.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ