„Велигден е празник на спасението. Го означува крајот на Христовите страдања и со кој се слави победата над смртта. Нè потсетува на потребата да се преиспитаме и со скромност како одговорни чинители на нашата заедница да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на блиските.
Нека е честит големиот христијански празник – Велигден!“, објави премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил.