• Latest

Измените на Законот за заштита на децата пред членовите на Комисија за труд и социјална политика

April 26, 2022
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Измените на Законот за заштита на децата пред членовите на Комисија за труд и социјална политика

April 26, 2022 15:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска расправаа за Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка, пренесува МИА.

За овој Предлог-закон поднесен е еден амандман од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Ангелинка Петкова го образложи амандманот и рече дека тој се предлага со цел подобрување на законското решение.

-Со него ќе се зголемат бодовите на платите на вработените за 18,5 отсто, односно ќе се изврши нивно усогласување со порастот на минималната плата во ситуција кога во државата трошоците за живот растат, треба да се зголемат и платите за да се покријат основните трошоци за живот, изјави Петкова.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска произнесувајќи се за амандманот, посочи дека подолго време Владата заедно со СОНК, како репрезентативен синдикат во образованието и детската заштита, води социјален дијалог за зголемување на платите во образованието и детската заштита.

-Вчера по повеќе од три часа дијалог со претставниците на СОНК беше договорено да се зголемат платите за 12 проценти во образованието и во детската заштита. Со отворањето на процесот на подготовка на општиот колективен договор, се вметне нова методологија за постојан раст на платите што ќе значи усогласување на платите со порастот на трошоците на живот и усогласување на платите со порастот на просечната плата која ќе се применува од 01.01.2023 година, рече Тренчевска. Додаде дека разговарале и за К-15 кој, како што рече, во образование и детска заштита никогаш го немаат добиено, за да добијат К-15 од 2023 година.

 

Нагласи дека од 2019 година па досега платите во образование и во детска заштита се зголемуваат за повеќе од 33 отсто. Потсети дека за време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, до 2017 година, зголемувањето на платите во образованието беше само 4 отсто.

-Во договор со СОНК е договорено тие денес да ги контактираат членовите на Синдикатот и вечерва да излезат со став дека штрајкот од среда се прекинува, училиштата ќе функционираат нормално, учениците ќе се вратат во училиштата, детските градинки ќе функционираат нормално, а родителите ќе се вратат на работа. Со оглед на тоа што е постигнат договор со СОНК, овој амандман не се прифаќа, изјави Тренчевска.

Потоа членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека „тоа не е договорено и порачаа да не се мами“.

Благица Ласовска, повикувајќи се на правата на жените и нивната заштита, предложи доколку се сложат сите да се даде пауза на комисијата и да се состане Клубот на пратенички, вклучувајќи ја и министерката Тренчевска. -Да донесеме правилно и праведно законско решение за овие жени, рече Ласовска.

Членовите на комисијата не го поддржа предлогот на Ласовска.

Во расправата членовите на собраниската комисија изнесуваа различни ставови, кои се однесуваа на човековите права, на правата на жените, на штрајкот во градинките и во училиштата, на платите на вработените во овие овласти, се осврнаа на измените на Законот за абортус, потсетија на предметот „27 април“, побараа предвремени избори…

Седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика треба да продолжи попладнево.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ