• Latest

МТСП: Во првите 100 дена обезбедивме историски раст на минималната плата и пензиите

April 27, 2022
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

МТСП: Во првите 100 дена обезбедивме историски раст на минималната плата и пензиите

April 27, 2022 12:34
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Министерството за труд и социјална политика во првите 100 дена од работата на Владата на Република Северна Македонија, реализираше клучни одлуки кои се во насока на унапредување на животниот стандард на сите граѓани“, се вели во нивното соопштение.

„Зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари се  реализираше во првите три недели од работата на Владата. Низ социјален дијалог, како единствен начин за доаѓање до најодржливо решение за сите важни прашања во државата, Владата и Министерството  потврдија  дека имаат  слух и за работниците и за работодавачите. Оваа законска измена донесе директна  придобивка за околу 160.000 работници кои сега добиваат најмалку 18.000 денари месечна плата.

Во првите 100 дена, преку одговорна и посветена работа на сите чинители вклучени во економско-социјалниот дијалог се обезбеди и континуиран раст на пензиите, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот на пензионерите.

Со воведувањето на новата методологија од септември 2022 година, пензионерите секој месец ќе имаат просечно по 900 денари плус на својата сметка.

Во време на најголема светска економско-енергетска криза и ценовен шок од воената агресија на Русија врз Украина, а со цел поддршка на пензионерите како дел од ранливата категорија на граѓани, обезбедивме и директна финансиска помош, по 1000 денари за 3 месеци, односно вкупно 3.000 денари, за речиси 330 илјади пензионери. На годишно ниво, заедно со директната финансиска помош, во просек пензионерите ќе имаат околу 12.000 денари плус во домашниот буџет.

Финансиска поддршка се обезбеди и за примателите на Гарантирана минимална помош, во висина од 1.000 денари за три месеци, со Закон за изменување и дополнувања на Законот за социјалната заштита.

Во првите 100 дена, Министерството за труд и социјална политика, како дел од процесот на деинституционализација, отвори три станбени единици – една во Велес и две во Демир Капија – за живеење со поддршка кај лиценцирани приватни даватели на социјални услуги со корисници од Специјален Завод Демир Капија. Малите групни домови, нудат 24 часовна поддршка од стручни лица на корисниците на оваа социјална услуга и обезбедуваат средина и опкружување најблиски на семејните.

За Министерството за труд и социјална политика, грижата за граѓаните и унапредување на квалитет на живот останува приоритет“, соопштуваат од МТСП.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ