• Latest

Првомајски синдикален протест пред Влада, обраќање на Димовски, Тренчевска, Битиќи

May 1, 2022
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Првомајски синдикален протест пред Влада, обраќање на Димовски, Тренчевска, Битиќи

May 1, 2022 14:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Трпението нема крај, повеќе нема да чекаме – нашите барања да бидат разгледани и исполнети веднаш, порача Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од протестот пред Владата, пренесува МИА.

Пред Владата, покрај синдикалците, се и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска чие присуство јавно, пред сите присутни, го поздрави претседателот на ССМ Дарко Димовски.

-Унапредувњата на правата на работниците не се случува еднаш засекогаш. Треба да се зборува и за еднаквиот третман на мажите и жените на пазарорт на трудот, за безбедноста при рабпота како и за сите други права кои се забопрваат посебно за време на кризи

Никој не треба да заборави дека работникот е на право место, човечкиот капитал е пред се, рече Битиќи, а министерката Тренчевска порача дека и синдикатот и Владата се заедно во борбата за унапредување и почитување на работничките права. 

Не може, работодавачи и газди, да ви бидеме робови седум дена во неделата. Ќе блокираме се и многу лесно овој протест ќе прерасне во штрајк, а тоа значи прекин на работата за време на работното време. Ако ние трпиме штета и вие ќе трпите штета, порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски од денешниот првомајски протест, упатувајќи ги уште еднаш барањата – линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата и повлекување на претставката за недела неработен ден од Уставниот суд.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски на првомајскиот протест пред Владата

Како што истакна Димовски, овие барања треба да се исполнат што поскоро.

-Зголемувањето на платите да се случи ден побрзо зашто економската криза не изеде, инфлацијата е се поголема и тие пари ни се се понеопходни. Да ве предупредиме, да ја повлечете претставката за недела неработен ден зашто тоа е реланост во земјава – работникот го користи тој бенефит – одмора, напомена претседателот на ССМ во кусото обраќање пред Стопанската комора.

Протестот почна пред зградата на ССМ, а ќе заврши пред Владата од каде, како што соопшти Димовски, ќе бидат испратени уште вакви јасни и гласни пораки.

„Без пари нема работа“, „Зголемување на плата 2 806 денари веднаш за сите“, „Без лихвари, газди и банкари можеме, без работници не можеме“, „Договори за вработување на неопределено време“, „Стоп за мобинг“, се само некои од пораките што може да се забележат на протестот.

Ветувам дека заедно ќе ја продожиме борбата за подобри работни услови, за унапредување на работничките права и за поголеми плати, им порача денеска на синдикалците министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи беа пред Владата кога пристигнаа учесниците на првомајскиот протест што го организираше ССМ.

Тренчевска во кусото обраќање потенцира дека трудот на работникот мора да се вреднува и дека работодавачите мора да ги почитуваат своите обврски. Најави и засилени инспекциски контроли, како и казни доколку се утврди дека работодавачите не ја исплаќаат платата законски и на работниците им даваат под 18 000.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на првомајскиот протест пред Владата

-Сите работодавачи кои не исплаќаат плата согласно законот или под 18 000 денари, ќе сносат санкции според Законот за работни односи. Државниот инспекторат за труд врши контроли посебно во текстилните фабрики каде, сведоци сме, дека последните денови се исплаќаат плати под 18 000 денари. Ќе следуваат инспекциски контроли и секој што не исплаќа ќе биде санкциониран, рече Тренчевска.

Според неа, тоа што беше ветено, е исполнето.

-Ветивме недела ден за одмор, денес недела е наша реалност, 92 отсто од работниците одмораат, се дружат со семејствата и пријателите, а оние осум проценти кои поради природата на производниот процес работат, добиваат 50 отсто повеќе, додека оние во трговијата добиваат 100 отсто повисоки дневници. Ветивме дека ќе нема минимална плата под 18 000 денари и тоа денес е реалност, подвлече министерката.

Се подготвува, дополни, и новиот закон за работни односи во консултации со ССМ.

-Ниту едно законско решение нема да биде донесено без консултација со нашите економски партнери, се работи и на нов закон за плати во јавниот сектор што ќе значи повисоки плати и нова методологија за раст на платите, рече министерката Тренчевска.

Покрај Тренчевска , на синдикалниот протест пред Владата се обрати и и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Никој не треба да заборави дека работникот е на прво место, човечкиот капитал е пред се, рече Битиќи пред учесниците на денешниот првомајски протест.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на првомајскиот синдикален протест пред Владата.

Битиќи од пред Владата, која беше и завршното место на протестот, подвлече дека унапредувањата на правата на работниците не се случува еднаш засекогаш.

-Треба да се зборува и за еднаквиот третман на мажите и жените на пазарот на трудот, за безбедноста при работа, како и за сите други права кои се забораваат, посебно за време на кризи, истакна Битиќи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ